Стих на денот
“Сета твоја радост нека биде во Господ: Тој ќе ги исполни желбите на твоето срце.”
Место каде Божјиот Збор се проповеда со љубов и вистина
Веруваме дека Библијата е Божји Збор - вистинит, животворен и доволен за секојдневниот живот. Нашата желба е секој човек да Го запознае Исус Христос како свој Господ и Спасител и преку Него да најде надеж, мир и вечен живот.
Во нашата црква се собираме за заедно да Го славиме Исус, да се молиме, да ја проучуваме Библијата - Светото Писмо - и меѓусебно да се охрабруваме во верата. Без разлика дали првпат доаѓате во црква или веќе долго време Го следите Христос, секогаш сте добредојдени.
Ние сме заедница што со љубов Му служи на Бог и духовно им помага на луѓето. Ние сме наново родени верници кои ја споделуваат својата вера со сите луѓе и им ја покажуваат Христовата љубов, со желба и тие да бидат привлечени кон спасението во Исус Христос.
Приклучете се кон нас
Секоја недела ве очекуваме со отворени срца. Напишете ни или посетете нè.
