Прескокни кон главната содржина

Езекиел

Глава 15

  1. 1

    Господовиот збор дојде до мене:

  2. 2

    „Сине човечки, по што лозовото дрво е подобро од кое било друго дрво? По што лозовата гранка е подобра од гранките на шумските дрвја?

  3. 3

    Зар се зема дрво од лозата за да се направи некаков предмет? Зар од неа се прави колче на кое може да се обеси нешто?

  4. 4

    Ете, се фрла во оган како гориво. Огнот ги изгорел двата краја, а средината ја опалил. Зар сега може да послужи за нешто?

  5. 5

    И кога беше цела, не можеше да се употреби за изработка на нешто. Колку помалку може да се употреби откако огнот ја изгорел и опалил!

  6. 6

    Затоа вака вели Господ Бог: ‚Како лозовото дрво меѓу шумските дрвја, кое го дадов како гориво за огнот, така ќе ги предадам и жителите на Ерусалим.

  7. 7

    Ќе го свртам Своето лице против нив. Избегале од еден оган, но друг оган ќе ги проголта. Тогаш ќе знаете дека Јас сум Господ, кога ќе го свртам Своето лице против нив.

  8. 8

    Ќе ја претворам земјата во пустош, зашто постапија неверно‘“, вели Господ Бог.