Прескокни кон главната содржина

Осија

Глава 5

  1. 1

    Чујте го ова, свештеници; внимавај, доме Израелев; приклони уво, царски доме, зашто судот е за вас: бевте стапица во Миспа и растегната мрежа на Тавор.

  2. 2

    Отпадниците длабоко се впуштија во колење, но Јас ќе ги казнам сите нив.

  3. 3

    Јас го познавам Ефрем и Израел не Ми е скриен; зашто сега, Ефреме, блудствуваш, а Израел се оскверни.

  4. 4

    Нивните дела не им дозволуваат да се вратат кај својот Бог, зашто духот на блудството е во нив и тие не Го познаваат Господ.

  5. 5

    Гордоста на Израел сведочи против него; затоа Израел и Ефрем ќе се сопнат во своето беззаконие, а и Јуда ќе се сопне со нив.

  6. 6

    Со своите овци и говеда ќе тргнат да Го бараат Господ, но нема да Го најдат; Тој се оддалечил од нив.

  7. 7

    Неверно постапија кон Господ, зашто родија деца што Му се туѓи; сега новомесечието ќе ги проголта нив и нивните имоти.

  8. 8

    Затрубете со рог во Гива, со труба во Рама; кренете тревога во Бет-Авен: „Зад тебе, Венијамине!“

  9. 9

    Ефрем ќе стане пустош во денот на казната; меѓу Израелевите племиња објавив што е сигурно.

  10. 10

    Јудините водачи се како оние што ги преместуваат меѓите; врз нив ќе го излеам Својот гнев како вода.

  11. 11

    Ефрем е угнетен и скршен од судот, зашто доброволно тргна по човечка заповед.

  12. 12

    Затоа Јас сум како молец за Ефрем и како гнилеж за Јудиниот дом.

  13. 13

    Кога Ефрем ја виде својата болест, а Јуда својата рана, Ефрем отиде во Асирија и испрати кај царот Јарев; но тој не може да ве излекува ниту да ви ја исцели раната.

  14. 14

    Зашто Јас сум како лав за Ефрем и како млад лав за Јудиниот дом; Јас ќе раскинам и ќе си заминам, ќе ги однесам и никој нема да ги избави.

  15. 15

    Ќе си одам и ќе се вратам на Своето место, додека не ја признаат својата вина и не го побараат Моето лице; во својата неволја ревносно ќе Ме бараат.