Исаија
Глава 31
- 1
Тешко на оние што слегуваат во Египет за помош, се потпираат на коњи, се надеваат на многубројни бојни коли и на силни коњаници, а не гледаат кон Светиот на Израел и не Го бараат Господ!
- 2
Но и Тој е мудар и донесува несреќа; не ги повлекува Своите зборови. Ќе стане против домот на злосторниците и против помошта на оние што прават беззаконие.
- 3
Египќаните се луѓе, а не Бог; нивните коњи се тело, а не дух. Кога Господ ќе ја испружи Својата рака, ќе се сопне оној што помага и ќе падне оној кому му помагаат; сите заедно ќе исчезнат.
- 4
Зашто вака ми рече Господ: „Како што лавот или младиот лав рика над својот плен, иако против него се повикани многу пастири, не се плаши од нивниот глас ниту се повлекува пред нивната врева, така Господ над војските ќе слезе да војува за гората Сион и за нејзиниот рид.
- 5
Како птици што летаат над своето гнездо, така Господ над војските ќе го заштитува Ерусалим; ќе го заштити и избави, ќе го поштеди и спаси.“
- 6
Вратете Му се на Оној против Кого толку длабоко се побунивте, синови Израелеви!
- 7
Зашто во тој ден секој ќе ги отфрли своите сребрени и златни идоли, што вашите раце грешно ги направија.
- 8
Асирија ќе падне од меч што не е човечки, меч што не е од човек ќе ја проголта. Ќе бега пред мечот, а нејзините младичи ќе бидат принудени на тешка работа.
- 9
Нејзината тврдина ќе исчезне од страв, а нејзините водачи ќе се ужаснат пред знамето“, вели Господ, Чиј оган е во Сион и Чија печка е во Ерусалим.