Прескокни кон главната содржина

Исаија

Глава 4

  1. 1

    Во тој ден седум жени ќе се фатат за еден маж и ќе речат: „Ќе го јадеме својот леб и ќе ја носиме својата облека; само дозволи да го носиме твоето име и отстрани го нашиот срам.“

  2. 2

    Во тој ден Господовиот Изданок ќе биде прекрасен и славен, а плодот на земјата ќе биде величие и украс за преживеаните од Израел.

  3. 3

    Оној што ќе остане во Сион и ќе преживее во Ерусалим ќе биде наречен свет — секој што е запишан меѓу живите во Ерусалим.

  4. 4

    Кога Господ ќе ја измие нечистотијата на сионските ќерки и ќе ја исчисти крвта на Ерусалим од неговата средина со дух на суд и дух на очистувачки оган,

  5. 5

    тогаш Господ над целата гора Сион и над нејзините собранија ќе создаде облак и чад преку ден, а сјај од пламен оган преку ноќ; над сета слава ќе има покривка.

  6. 6

    Таа ќе дава сенка од дневната жега и ќе биде прибежиште и заклон од бура и дожд.