4 Мојсеева — Броеви
Глава 2
Господ им зборуваше на Мојсеј и на Арон, велејќи: (4 Мојсеева — Броеви 2:1)
„Израелевите синови нека се улогорат секој при своето знаме, со ознаките на домовите на своите татковци; спроти шаторот на средбата нека се улогорат наоколу. (4 Мојсеева — Броеви 2:2)
Оние што ќе се улогорат напред, на источната страна, кон изгревот, нека бидат под знамето на логорот на Јуда, според нивните чети; а кнез над синовите на Јуда е Нахшон, син на Аминадав. (4 Мојсеева — Броеви 2:3)
Неговата чета и попишаните од неа беа седумдесет и четири илјади и шестотини. (4 Мојсеева — Броеви 2:4)
До него нека се улогорат оние од племето Исахар; а кнез над синовите на Исахар е Натанаил, син на Цуар. (4 Мојсеева — Броеви 2:5)
Неговата чета и попишаните од неа беа педесет и четири илјади и четиристотини. (4 Мојсеева — Броеви 2:6)
Потоа племето Завулон; а кнез над синовите на Завулон е Елијав, син на Хелон. (4 Мојсеева — Броеви 2:7)
Неговата чета и попишаните од неа беа педесет и седум илјади и четиристотини. (4 Мојсеева — Броеви 2:8)
Сите попишани од логорот на Јуда беа сто осумдесет и шест илјади и четиристотини, според нивните чети. Тие нека тргнуваат први. (4 Мојсеева — Броеви 2:9)
На јужната страна нека биде знамето на логорот на Рувим според нивните чети; а кнез над синовите на Рувим е Елицур, син на Шедеур. (4 Мојсеева — Броеви 2:10)
Неговата чета и попишаните од неа беа четириесет и шест илјади и петстотини. (4 Мојсеева — Броеви 2:11)
До него нека се улогорат оние од племето Симеон; а кнез над синовите на Симеон е Шелумиил, син на Цуришадај. (4 Мојсеева — Броеви 2:12)
Неговата чета и попишаните од неа беа педесет и девет илјади и триста. (4 Мојсеева — Броеви 2:13)
Потоа племето Гад; а кнез над синовите на Гад е Елијасаф, син на Деуил. (4 Мојсеева — Броеви 2:14)
Неговата чета и попишаните од неа беа четириесет и пет илјади и шестотини и педесет. (4 Мојсеева — Броеви 2:15)
Сите попишани од логорот на Рувим беа сто педесет и една илјада и четиристотини и педесет, според нивните чети. Тие нека тргнуваат втори. (4 Мојсеева — Броеви 2:16)
Потоа шаторот на средбата нека тргнува со логорот на Левитите, среде логорите. Како што се улогорат, така нека тргнуваат, секој на своето место, според своите знамиња. (4 Мојсеева — Броеви 2:17)
На западната страна нека биде знамето на логорот на Ефрем според нивните чети; а кнез над синовите на Ефрем е Елишама, син на Амиуд. (4 Мојсеева — Броеви 2:18)
Неговата чета и попишаните од неа беа четириесет илјади и петстотини. (4 Мојсеева — Броеви 2:19)
До него нека биде племето Манасија; а кнез над синовите на Манасија е Гамалиил, син на Педацур. (4 Мојсеева — Броеви 2:20)
Неговата чета и попишаните од неа беа триесет и две илјади и двесте. (4 Мојсеева — Броеви 2:21)
Потоа племето Венијамин; а кнез над синовите на Венијамин е Авидан, син на Гидеони. (4 Мојсеева — Броеви 2:22)
Неговата чета и попишаните од неа беа триесет и пет илјади и четиристотини. (4 Мојсеева — Броеви 2:23)
Сите попишани од логорот на Ефрем беа сто осум илјади и сто, според нивните чети. Тие нека тргнуваат трети. (4 Мојсеева — Броеви 2:24)
На северната страна нека биде знамето на логорот на Дан според нивните чети; а кнез над синовите на Дан е Ахиезер, син на Амишадај. (4 Мојсеева — Броеви 2:25)
Неговата чета и попишаните од неа беа шеесет и две илјади и седумстотини. (4 Мојсеева — Броеви 2:26)
До него нека се улогорат оние од племето Асир; а кнез над синовите на Асир е Пагиил, син на Охран. (4 Мојсеева — Броеви 2:27)
Неговата чета и попишаните од неа беа четириесет и една илјада и петстотини. (4 Мојсеева — Броеви 2:28)
Потоа племето Нефталим; а кнез над синовите на Нефталим е Ахира, син на Енан. (4 Мојсеева — Броеви 2:29)
Неговата чета и попишаните од неа беа педесет и три илјади и четиристотини. (4 Мојсеева — Броеви 2:30)
Сите попишани од логорот на Дан беа сто педесет и седум илјади и шестотини. Тие нека тргнуваат последни, според своите знамиња.“ (4 Мојсеева — Броеви 2:31)
Тоа се попишаните од Израелевите синови според домовите на нивните татковци; сите попишани во логорите според нивните чети беа шестотини и три илјади и петстотини и педесет. (4 Мојсеева — Броеви 2:32)
Но Левитите не беа попишани меѓу Израелевите синови, како што Господ му заповеда на Мојсеј. (4 Мојсеева — Броеви 2:33)
Така Израелевите синови направија сѐ како што Господ му заповеда на Мојсеј; така се улогоруваа според своите знамиња и така тргнуваа, секој според своето семејство и според домот на своите татковци. (4 Мојсеева — Броеви 2:34)