Прескокни кон главната содржина

1 Летописи

Глава 20

  1. 1

    Следната година, во времето кога царевите излегуваат во војна, Јоав ја изведе војската, ја опустоши амонската земја и дојде да ја опседне Рава. Давид остана во Ерусалим. Јоав ја нападна Рава и ја разурна.

  2. 2

    Давид ја зеде круната од главата на нивниот цар и откри дека тежи еден талант злато и дека на неа има скапоцени камења. Круната беше ставена на Давидовата глава. Тој изнесе од градот и многу голем плен.

  3. 3

    Народот што беше во градот го изведе и го постави да работи со пили, железни орудија и секири. Така постапи со сите амонски градови. Потоа Давид и целиот народ се вратија во Ерусалим.

  4. 4

    По ова избувна битка со Филистејците кај Гезер. Тогаш Сивехај од Хуса го уби Саф, еден од потомците на Рафаимците, и Филистејците беа покорени.

  5. 5

    Повторно имаше битка со Филистејците, и Елханан, синот на Јаир, го уби Лахми, братот на Голијат од Гет, чијашто рачка на копјето беше како ткајачко вратило.

  6. 6

    Повторно имаше битка во Гет. Таму имаше човек со огромен раст, кој имаше по шест прсти на секоја рака и по шест прсти на секоја нога, вкупно дваесет и четири. И тој беше потомок на Рафаимците.

  7. 7

    Кога му се потсмеваше на Израел, Јонатан, синот на Сама, Давидовиот брат, го уби.

  8. 8

    Овие беа потомци на Рафаимците во Гет и загинаа од раката на Давид и од раката на неговите слуги.