Прескокни кон главната содржина

1 Летописи

Глава 7

  1. 1

    Исахарови синови беа Тола, Фуја, Јасув и Симрон, четворица.

  2. 2

    Толини синови беа Озиј, Рефај, Ерил, Јамај, Евсам и Самоил, поглавари на татковските домови на Тола. Тие беа храбри воини; во Давидово време нивниот број беше дваесет и две илјади и шестстотини.

  3. 3

    Озиев син беше Израј; Израеви синови беа Михаил, Овадиј, Јоил и Есиј, вкупно пет поглавари.

  4. 4

    Со нив, според нивните родови и татковски домови, имаше воени чети од триесет и шест илјади луѓе, зашто имаа многу жени и синови.

  5. 5

    Нивните браќа од сите Исахарови родови, храбри воини запишани според семејното потекло, беа вкупно осумдесет и седум илјади.

  6. 6

    Венијаминови синови беа Вела, Вехер и Едијаил, тројца.

  7. 7

    Велини синови беа Есвон, Озиј, Озил, Еримот и Ириј, пет поглавари на татковски домови, храбри воини; според семејното потекло беа запишани дваесет и две илјади триесет и четири.

  8. 8

    Вехерови синови беа Земир, Јоас, Елиезер, Елијоенај, Амриј, Еримот, Авиј, Анатот и Аламер. Сите тие беа Вехерови синови.

  9. 9

    Според семејното потекло и поколенијата и поглаварите на татковските домови, беа запишани дваесет илјади и двесте храбри воини.

  10. 10

    Едијаилов син беше Валан; Валанови синови беа Јеус, Венијамин, Ехуд, Ханан, Зитан, Тарсис и Ахисар.

  11. 11

    Сите Едијаилови потомци, според поглаварите на татковските домови, беа седумнаесет илјади и двесте храбри воини, способни за војна.

  12. 12

    Суфеј и Упеј беа Ирови синови, а Усеј беше Ахиров син.

  13. 13

    Нефталимови синови беа Јасил, Гунуј, Есер и Салум, синови на Вала.

  14. 14

    Манасиев син беше Азрил, кого го роди неговата арамејска наложница; таа го роди и Махир, таткото на Галад.

  15. 15

    Махир зеде жени од Уфеј и Суфеј; нивната сестра се викаше Мака. Името на вториот беше Салпад, а Салпад имаше ќерки.

  16. 16

    Махировата жена Мака роди син и го нарече Фарес. Неговиот брат се викаше Серес, а негови синови беа Улам и Ракем.

  17. 17

    Уламов син беше Ведан. Тоа беа синовите на Галад, синот на Махир, Манасиевиот син.

  18. 18

    Неговата сестра Амолекета ги роди Исуд, Авиезер и Мала.

  19. 19

    Семидини синови беа Ахијан, Шехем, Лихиј и Анијам.

  20. 20

    Ефремови потомци беа Сутал, негов син Веред, негов син Тахат, негов син Елеад, негов син Тахат,

  21. 21

    негов син Завад, негов син Сутал, како и Есер и Елеад. Нив ги убија луѓето од Гат, родени во земјата, зашто слегоа да им го одземат добитокот.

  22. 22

    Нивниот татко Ефрем тагуваше долго време, а неговите браќа доаѓаа да го утешат.

  23. 23

    Потоа легна со својата жена; таа забремени и роди син, а тој го нарече Верија, бидејќи несреќа го снајде неговиот дом.

  24. 24

    Негова ќерка беше Сера, која ги изгради Долниот и Горниот Вет-Орон и Узен-Сера.

  25. 25

    Негов син беше Рефа, негов син Ресеф, негов син Тела, негов син Тахан,

  26. 26

    негов син Ладан, негов син Амијуд, негов син Елисам,

  27. 27

    негов син Нон, а негов син Исус.

  28. 28

    Нивните имоти и населби беа Ветил со неговите села, на исток Наран, а на запад Гезер со неговите села, потоа Шехем со неговите села до Газа со нејзините села.

  29. 29

    Во рацете на Манасиевите синови беа Вет-Сан со неговите села, Танах со неговите села, Мегидо со неговите села и Дор со неговите села. Во нив живееја синовите на Јосиф, Израелевиот син.

  30. 30

    Асирови синови беа Емна, Есва, Есвај и Верија, а нивна сестра беше Сера.

  31. 31

    Вериини синови беа Евер и Малхил; Малхил беше татко на Верзавит.

  32. 32

    На Евер му се родија Јафлит, Сомир, Хотам и нивната сестра Суја.

  33. 33

    Јафлитови синови беа Фасах, Вимал и Асват. Тоа беа Јафлитови синови.

  34. 34

    Синови на неговиот брат Сомир беа Рога, Јехув и Арам.

  35. 35

    Синови на неговиот брат Елем беа Софа, Емна, Селис и Амал.

  36. 36

    Софини синови беа Суја, Арнефер, Согал, Вериј, Емра,

  37. 37

    Восор, Од, Сама, Силиса, Итран и Веира.

  38. 38

    Етерови синови беа Ефониј, Фиспа и Ара.

  39. 39

    Улини синови беа Арах, Анил и Рисија.

  40. 40

    Сите тие беа Асирови синови, поглавари на татковски домови, одбрани и храбри воини, водачи меѓу владетелите. Според семејното потекло, бројот на способните за војна беше дваесет и шест илјади.