1 Летописи
Глава 6
- 1
Левиеви синови беа Гирсон, Каат и Мерариј.
- 2
Каатови синови беа Амрам, Исар, Хеврон и Озил.
- 3
Амрамови деца беа Арон, Мојсеј и Мирјама. Аронови синови беа Надав, Авијуд, Елеазар и Итамар.
- 4
На Елеазар му се роди Финес, на Финес му се роди Ависуј.
- 5
На Ависуј му се роди Вукиј, на Вукиј му се роди Озиј.
- 6
На Озиј му се роди Зерај, а на Зерај му се роди Мерајот.
- 7
На Мерајот му се роди Амариј, на Амариј му се роди Ахитов.
- 8
На Ахитов му се роди Садок, а на Садок му се роди Ахимас.
- 9
На Ахимас му се роди Азариј, а на Азариј му се роди Јоанан.
- 10
На Јоанан му се роди Азариј, кој служеше како свештеник во храмот што Соломон го изгради во Ерусалим.
- 11
На Азариј му се роди Амариј, а на Амариј му се роди Ахитов.
- 12
На Ахитов му се роди Садок, а на Садок му се роди Салум.
- 13
На Салум му се роди Хелкиј, а на Хелкиј му се роди Азариј.
- 14
На Азариј му се роди Јоседек.
- 15
Јоседек беше одведен кога Господ ги одведе Јуда и Ерусалим во ропство преку Навуходоносор.
- 16
Левиеви синови беа Гирсон, Каат и Мерариј.
- 17
Имињата на Гирсоновите синови беа Ловениј и Симеј.
- 18
Каатови синови беа Амрам, Исар, Хеврон и Озил.
- 19
Мерариеви синови беа Молиј и Мусиј. Ова беа левитските родови според нивните татковски домови.
- 20
Од Гирсон: негов син Левениј, негов син Јат, негов син Зима,
- 21
негов син Јоах, негов син Идо, негов син Зера, негов син Етрај.
- 22
Каатови потомци: негов син Аминадав, негов син Кореј, негов син Асир,
- 23
негов син Елкана, негов син Евијасаф, негов син Асир,
- 24
негов син Тахат, негов син Урил, негов син Озиј, негов син Саул.
- 25
Елканини синови беа Амасај и Ахимот.
- 26
Негов син беше Елкана, негов син Суфиј, негов син Махат,
- 27
негов син Елијав, негов син Јероам, негов син Елкана.
- 28
Самоилови синови беа првенецот Јоил и вториот Авиј.
- 29
Мерариеви потомци: Молиј, негов син Симеј, негов син Уза,
- 30
негов син Симај, негов син Агиј, негов син Асаја.
- 31
Ова се оние што Давид ги постави да се грижат за пеењето во Господовиот Дом, откако ковчегот најде почивалиште таму.
- 32
Тие служеа со пеење пред Шаторот на средбата, сѐ додека Соломон не го изгради Господовиот Дом во Ерусалим; ја вршеа својата служба според пропишаниот ред.
- 33
Ова се тие што служеа со своите синови: од Каатовите синови – пејачот Еман, синот на Јоил, син на Самоил,
- 34
син на Елкана, син на Јероам, син на Елил, син на Тоја,
- 35
син на Суф, син на Елкана, син на Мат, син на Амасај,
- 36
син на Елкана, син на Јоил, син на Азариј, син на Софониј,
- 37
син на Тахат, син на Асир, син на Евијасаф, син на Кореј,
- 38
син на Исар, син на Каат, син на Левиј, Израелевиот син.
- 39
Неговиот брат Асаф стоеше од десната страна; Асаф беше син на Варахиј, син на Симеј,
- 40
син на Михаил, син на Васиј, син на Малхиј,
- 41
син на Етниј, син на Зера, син на Адај,
- 42
син на Етан, син на Зима, син на Симеј,
- 43
син на Јат, син на Гирсон, Левиевиот син.
- 44
Мерариевите синови, нивните браќа, стоеја од левата страна: Етан, синот на Кисиј, син на Авдиј, син на Малух,
- 45
син на Асавиј, син на Амасиј, син на Хелкиј,
- 46
син на Амасиј, син на Ваниј, син на Самир,
- 47
син на Молиј, син на Мусиј, син на Мерариј, Левиевиот син.
- 48
Нивните браќа левити беа поставени за секоја служба во Шаторот на Божјиот Дом.
- 49
Арон и неговите синови принесуваа жртви паленици на жртвеникот и кадеа на кадилниот жртвеник. Тие ја вршеа целата служба во Најсветото место и принесуваа жртви за очистување на Израел, според сѐ што заповеда Божјиот слуга Мојсеј.
- 50
Ова се Ароновите потомци: негов син Елеазар, негов син Финес, негов син Ависуј,
- 51
негов син Вукиј, негов син Озиј, негов син Зерај,
- 52
негов син Мерајот, негов син Амариј, негов син Ахитов,
- 53
негов син Садок, негов син Ахимас.
- 54
Ова се нивните живеалишта според населбите во нивното подрачје: на Ароновите синови од Каатовото семејство, бидејќи ним им падна првата ждрепка,
- 55
им го дадоа Хеврон во Јудината земја со пасиштата околу него.
- 56
Но градските полиња и неговите села му ги дадоа на Ефониевиот син Халев.
- 57
На Ароновите синови им ги дадоа градовите-прибежишта: Хеврон, Ливна со пасиштата, Јатир, Естемој со пасиштата,
- 58
Илон со пасиштата, Девир со пасиштата,
- 59
Асан со пасиштата и Вет-Семес со пасиштата.
- 60
Од Венијаминовото племе им ги дадоа Гаваја со пасиштата, Алемат со пасиштата и Анатот со пасиштата. Вкупно, според нивните родови, имаа тринаесет градови.
- 61
На другите Каатови синови, според нивните родови, со ждрепка им припаднаа десет градови од половината Манасиево племе.
- 62
На Гирсоновите синови, според нивните родови, им припаднаа тринаесет градови од Исахаровото, Асировото, Нефталимовото и Манасиевото племе во Васан.
- 63
На Мерариевите синови, според нивните родови, со ждрепка им припаднаа дванаесет градови од Рувимовото, Гадовото и Завулоновото племе.
- 64
Така Израелевите синови им ги дадоа на левитите тие градови со нивните пасишта.
- 65
Со ждрепка им ги дадоа спомнатите градови од племињата на Јудините, Симеоновите и Венијаминовите синови.
- 66
На некои од родовите на Каатовите синови им припаднаа градови од Ефремовото племе.
- 67
Им ги дадоа градовите-прибежишта: Шехем со пасиштата во Ефремовата Гора, Гезер со пасиштата,
- 68
Јокмеам со пасиштата, Вет-Орон со пасиштата,
- 69
Ејалон со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата.
- 70
Од половината Манасиево племе им ги дадоа на другите Каатови родови Анир со пасиштата и Вилеам со пасиштата.
- 71
На Гирсоновите синови, од половината Манасиево племе, им ги дадоа Голан во Васан со пасиштата и Астарот со пасиштата.
- 72
Од Исахаровото племе: Кедес со пасиштата, Даврат со пасиштата,
- 73
Рамот со пасиштата и Аним со пасиштата.
- 74
Од Асировото племе: Масал со пасиштата, Авдон со пасиштата,
- 75
Хукок со пасиштата и Реов со пасиштата.
- 76
Од Нефталимовото племе: Кедес во Галилеја со пасиштата, Амон со пасиштата и Киријатаим со пасиштата.
- 77
На другите Мерариеви синови им ги дадоа од Завулоновото племе Римон со пасиштата и Тавор со пасиштата.
- 78
Од другата страна на Јордан, спроти Ерихон, источно од Јордан, од Рувимовото племе им ги дадоа Восор во пустината со пасиштата, Јаса со пасиштата,
- 79
Кедимот со пасиштата и Мифат со пасиштата.
- 80
Од Гадовото племе: Рамот во Галад со пасиштата, Маханаим со пасиштата,
- 81
Есевон со пасиштата и Јазир со пасиштата.