1 Летописи
Глава 9
Сиот Израел беше запишан според семејното потекло, а тие беа внесени во Книгата на Израелевите и Јудините цареви. Јудејците беа одведени во Вавилон поради својата неверност. (1 Летописи 9:1)
Првите што повторно се населија на своите имоти и во своите градови беа Израелците, свештениците, левитите и храмските служители. (1 Летописи 9:2)
Во Ерусалим живееја некои од Јудините, Венијаминовите, Ефремовите и Манасиевите синови: (1 Летописи 9:3)
Утај, синот на Амијуд, син на Амриј, син на Имриј, син на Ваниј, од потомците на Фарес, Јудиниот син. (1 Летописи 9:4)
Од Силејците: првенецот Асаија и неговите синови. (1 Летописи 9:5)
Од Зарините синови: Јеуил и неговите браќа, шестстотини и деведесет луѓе. (1 Летописи 9:6)
Од Венијаминовите синови: Салуј, синот на Месулам, син на Одуј, син на Асенуа; (1 Летописи 9:7)
Евниј, Јеровоамовиот син; Ила, синот на Озиј, син на Махриј; и Месулам, синот на Сефатиј, син на Рагуил, син на Ивниј. (1 Летописи 9:8)
Нивните браќа, според нивните родови, беа деветстотини педесет и шест. Сите тие беа поглавари на своите татковски домови. (1 Летописи 9:9)
Од свештениците: Едај, Јојарив и Јахин; (1 Летописи 9:10)
Азариј, синот на Хелкиј, син на Месулам, син на Садок, син на Мерајот, син на Ахитов, настојник во Божјиот Дом; (1 Летописи 9:11)
Адај, синот на Јеровоам, син на Пасхор, син на Малхиј; и Масај, синот на Адил, син на Јазир, син на Месулам, син на Месилемит, син на Имир. (1 Летописи 9:12)
Нивните браќа, поглавари на татковски домови, беа илјада седумстотини и шеесет способни луѓе за службата во Божјиот Дом. (1 Летописи 9:13)
Од левитите: Семај, синот на Асув, син на Азрикам, син на Асавиј, од Мерариевите синови; (1 Летописи 9:14)
Ваквакар, Ерес, Галал и Матаниј, синот на Миха, син на Зихриј, син на Асаф; (1 Летописи 9:15)
Овадиј, синот на Семај, син на Галал, син на Едутун; и Варахиј, синот на Аса, син на Елкана, кој живееше во Нетофатските села. (1 Летописи 9:16)
Вратари беа Салум, Акув, Талмон и Ахиман со своите браќа; Салум беше поглавар. (1 Летописи 9:17)
Дотогаш тие служеа кај царската врата на источната страна. Тие беа вратари во левитските чети. (1 Летописи 9:18)
Салум, синот на Кореј, син на Евијасаф, син на Кореј, и неговите браќа од Кореевото семејство беа одговорни за службата и ги чуваа праговите на Шаторот, како што нивните татковци го чуваа влезот во Господовиот логор. (1 Летописи 9:19)
Порано настојник над нив беше Елеазаровиот син Финес, и Господ беше со него. (1 Летописи 9:20)
Меселемииниот син Захариј беше вратар при влезот на Шаторот на средбата. (1 Летописи 9:21)
Сите избрани вратари на праговите беа двесте и дванаесет. Тие беа запишани според семејното потекло во своите села. Давид и гледачот Самоил ги поставија во службата поради нивната верност. (1 Летописи 9:22)
Тие и нивните синови ги чуваа вратите на Господовиот Дом, односно Домот на Шаторот. (1 Летописи 9:23)
Вратарите беа поставени на четирите страни: на исток, запад, север и југ. (1 Летописи 9:24)
Нивните браќа од селата доаѓаа повремено да им се придружат по седум дена. (1 Летописи 9:25)
Четворицата главни вратари постојано ја вршеа службата. Тие беа левити и беа поставени над собите и ризниците на Божјиот Дом. (1 Летописи 9:26)
Ноќеваа околу Божјиот Дом, зашто нивна должност беше да стражарат и да го отвораат секое утро. (1 Летописи 9:27)
Некои од нив беа одговорни за богослужбените садови; ги пребројуваа кога ги внесуваа и кога ги изнесуваа. (1 Летописи 9:28)
Некои се грижеа за другите предмети, за сите посветени садови, за чистото брашно, виното, маслото, темјанот и мирисите. (1 Летописи 9:29)
Некои од свештеничките синови го подготвуваа миризливото масло. (1 Летописи 9:30)
Мататиј, еден од левитите, првенец на Кореецот Салум, беше одговорен за она што се печеше во тави. (1 Летописи 9:31)
Некои од Каатовците, нивните браќа, беа одговорни за лебовите што се поставуваа секоја сабота. (1 Летописи 9:32)
Меѓу нив беа и пејачите, поглаварите на левитските татковски домови. Тие живееја во храмските соби и беа ослободени од други служби, зашто ја вршеа својата работа дење и ноќе. (1 Летописи 9:33)
Тоа беа поглаварите на левитските татковски домови според нивните родови. Тие живееја во Ерусалим. (1 Летописи 9:34)
Во Гаваон живееше таткото на Гаваон, Еил; неговата жена се викаше Мака. (1 Летописи 9:35)
Неговиот првенец беше Авдон, потоа Сур, Кис, Вал, Нир и Надав, (1 Летописи 9:36)
Гедор, Ахиј, Захариј и Миклот. (1 Летописи 9:37)
На Миклот му се роди Симеам. И тие живееја со своите браќа во Ерусалим. (1 Летописи 9:38)
На Нир му се роди Кис, на Кис му се роди Саул, а на Саул му се родија Јонатан, Малки-Суа, Авинадав и Есвал. (1 Летописи 9:39)
Јонатанов син беше Мери-Вал, а на Мери-Вал му се роди Миха. (1 Летописи 9:40)
Михини синови беа Фитон, Мелех, Тереј и Ахаз. (1 Летописи 9:41)
На Ахаз му се роди Јара; на Јара му се родија Алемет, Азмавет и Зимриј; на Зимриј му се роди Моса. (1 Летописи 9:42)
На Моса му се роди Винеј; негов син беше Рафај, негов син Елеас, а негов син Асил. (1 Летописи 9:43)
Асил имаше шест синови: Азрикам, Вохеру, Исмаил, Сеариј, Овадиј и Анан. Тоа беа Асилови синови. (1 Летописи 9:44)