Прескокни кон главната содржина

2 Коринтјаните

Глава 13

  1. 1

    Ова е третпат како доаѓам кај вас. „Секој случај нека се потврди со исказот на двајца или тројца сведоци.“

  2. 2

    Ве предупредив кога бев кај вас вторпат, а сега, додека сум отсутен, повторно им кажувам на оние што порано згрешија и на сите други: ако повторно дојдам, нема да поштедам никого.

  3. 3

    Вие барате доказ дека Христос зборува преку мене. Тој не е слаб кон вас, туку е силен меѓу вас.

  4. 4

    Зашто, иако беше распнат во слабост, Тој живее преку Божјата сила. И ние сме слаби во Него, но ќе живееме со Него преку Божјата сила меѓу вас.

  5. 5

    Испитувајте се самите себе дали сте во верата; проверувајте се. Или не знаете дека Исус Христос е во вас – освен ако навистина не сте ја издржале проверката?

  6. 6

    А се надевам дека ќе разберете дека ние сме ја издржале проверката.

  7. 7

    Му се молиме на Бог да не правите никакво зло – не за ние да се покажеме одобрени, туку вие да го правите доброто, па макар да изгледа дека ние не сме ја издржале проверката.

  8. 8

    Зашто не можеме ништо против вистината, туку само за вистината.

  9. 9

    Се радуваме кога ние сме слаби, а вие силни. За тоа и се молиме: за вашето усовршување.

  10. 10

    Затоа ви го пишувам ова додека сум отсутен, за кога ќе дојдам да не постапам строго според власта што ми ја даде Господ – за изградување, а не за рушење.

  11. 11

    На крајот, браќа, радувајте се, усовршувајте се, охрабрувајте се, бидете едномислени и живејте во мир; и Бог на љубовта и мирот ќе биде со вас.

  12. 12

    Поздравете се еден со друг со свет бакнеж.

  13. 13

    Ве поздравуваат сите свети.

  14. 14

    Благодатта на Господ Исус Христос, Божјата љубов и заедништвото на Светиот Дух нека бидат со сите вас.