Прескокни кон главната содржина

2 Јован

Глава 1

  1. 1

    Од старешината до избраната госпоѓа и нејзините деца, кои ги љубам во вистината – и не само јас, туку и сите што ја познаваат вистината –

  2. 2

    поради вистината што останува во нас и ќе биде со нас довека.

  3. 3

    Благодат, милост и мир од Бог Таткото и од Исус Христос, Синот на Таткото, ќе бидат со нас во вистина и љубов.

  4. 4

    Многу се зарадував што меѓу твоите деца најдов такви што живеат во вистината, според заповедта што ја примивме од Таткото.

  5. 5

    А сега те молам, госпоѓо – не како да ти пишувам нова заповед, туку онаа што ја имавме од почетокот – да се љубиме еден со друг.

  6. 6

    А љубовта е во ова: да живееме според Неговите заповеди. Ова е заповедта што ја чувте од почетокот – да живеете според неа.

  7. 7

    Зашто многу измамници излегоа во светот, кои не признаваат дека Исус Христос дојде во тело. Таквиот е измамник и антихрист.

  8. 8

    Внимавајте на себе, за да не го изгубите она за што се трудевме, туку да примите целосна награда.

  9. 9

    Секој што оди предалеку и не останува во Христовото учење, Го нема Бог. Оној што останува во учењето, Ги има и Таткото и Синот.

  10. 10

    Ако некој дојде кај вас и не го носи ова учење, не примајте го во домот и не упатувајте му поздрав,

  11. 11

    зашто оној што така го поздравува, учествува во неговите зли дела.

  12. 12

    Имам многу да ви пишувам, но не сакав да го правам тоа со хартија и мастило; туку се надевам дека ќе дојдам кај вас и ќе разговараме лице в лице, за нашата радост да биде целосна.

  13. 13

    Те поздравуваат децата на твојата избрана сестра.