3 Јован
Глава 1
- 1
Од старешината до возљубениот Гај, кого го љубам во вистината.
- 2
Возљубен мој, се молам во сѐ да напредуваш и да бидеш здрав, како што напредува и твојата душа.
- 3
Многу се зарадував кога дојдоа браќата и посведочија за твојата верност кон вистината – дека живееш во вистината.
- 4
За мене нема поголема радост од тоа да чујам дека моите деца живеат во вистината.
- 5
Возљубен мој, постапуваш верно во сѐ што правиш за браќата, и тоа за оние што ти се непознати.
- 6
Тие посведочија за твојата љубов пред црквата. Добро ќе направиш ако ги испратиш на пат како што е достојно за Бог,
- 7
зашто тргнаа заради Името, не примајќи ништо од незнабожците.
- 8
Затоа сме должни да ги примаме таквите, за и ние да станеме соработници на вистината.
- 9
Напишав нешто до црквата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не нѐ прима.
- 10
Затоа, кога ќе дојдам, ќе ги спомнам неговите дела што ги прави, зборувајќи злобни бесмислици против нас; и не му е доволно тоа, туку самиот не ги прима браќата, а ги спречува и оние што сакаат да ги примат и ги гони од црквата.
- 11
Возљубен мој, не угледувај се на злото, туку на доброто. Оној што прави добро е од Бог; а оној што прави зло не Го видел Бог.
- 12
За Димитриј сведочат сите, а и самата вистина. И ние сведочиме, и знаеш дека нашето сведоштво е вистинито.
- 13
Имав многу да ти пишувам, но не сакам да ти пишувам со мастило и перо.
- 14
Се надевам дека наскоро ќе те видам, па ќе разговараме лице в лице.
- 15
Мир со тебе! Те поздравуваат пријателите. Поздрави ги пријателите по име.