Ездра
Глава 10
- 1
Додека Ездра се молеше, ги исповедаше гревовите, плачеше и лежеше ничкум пред Божјиот дом, околу него се собра многу големо мноштво Израелеви мажи, жени и деца. Народот горко плачеше.
- 2
Тогаш Сеханија, синот на Јехиил, од потомците на Елам, му рече на Ездра: „Му згрешивме на нашиот Бог земајќи туѓинки од народите во земјата. Но и покрај тоа, сѐ уште има надеж за Израел.
- 3
Затоа да склучиме завет со нашиот Бог дека ќе ги отпуштиме сите тие жени и децата родени од нив, според советот на мојот господар и на оние што треперат пред заповедта на нашиот Бог. Нека се постапи според Законот.
- 4
Стани, зашто оваа работа е твоја должност. Ние сме со тебе. Биди храбар и дејствувај!“
- 5
Тогаш Ездра стана и ги заколна водачите на свештениците, левитите и целиот Израел дека ќе постапат според овој предлог. И тие се заколнаа.
- 6
Потоа Ездра стана од пред Божјиот дом и отиде во просторијата на Јоанан, синот на Елијасив. Кога стигна таму, не јадеше леб и не пиеше вода, зашто тагуваше поради неверството на вратените заробеници.
- 7
Низ Јуда и Ерусалим беше објавено сите што се вратија од заробеништвото да се соберат во Ерусалим.
- 8
Според одлуката на водачите и старешините, на секој што нема да дојде во рок од три дена ќе му биде одземен целиот имот, а самиот ќе биде исклучен од собранието на вратените заробеници.
- 9
Така сите мажи од Јуда и Венијамин се собраа во Ерусалим во рок од три дена. Тоа беше дваесеттиот ден од деветтиот месец. Целиот народ седеше на плоштадот пред Божјиот дом, треперејќи поради оваа работа и поради силниот дожд.
- 10
Свештеникот Ездра стана и им рече: „Вие направивте неверство земајќи туѓинки за жени и така ја зголемивте вината на Израел.
- 11
Затоа сега исповедајте Му го гревот на Господ, Бог на вашите татковци, и исполнете ја Неговата волја. Одвојте се од народите во земјата и од туѓинките што сте ги зеле за жени.“
- 12
Целото собрание одговори со силен глас: „Како што кажа, така треба да направиме.
- 13
Но народот е многуброен, а времето е дождливо и не можеме да стоиме надвор. Оваа работа не може да се заврши за еден или два дена, зашто многумина од нас згрешија во ова.
- 14
Нека нашите водачи го претставуваат целото собрание. Сите во нашите градови што зеле туѓинки за жени нека дојдат во определено време, заедно со старешините и судиите од секој град, сѐ додека не се одврати од нас жестокиот гнев на нашиот Бог поради оваа работа.“
- 15
Само Јонатан, синот на Асаил, и Јазија, синот на Текуа, се спротивставија на тоа, а Месулам и левитот Савај ги поддржаа.
- 16
Вратените заробеници постапија според предлогот. Свештеникот Ездра избра водачи на татковските домови, според нивните татковски домови, сите запишани по име. На првиот ден од десеттиот месец тие седнаа да ја испитаат работата.
- 17
До првиот ден од првиот месец ја завршија истрагата за сите мажи што зеле туѓинки за жени.
- 18
Меѓу потомците на свештениците се најдоа такви што зеле туѓинки за жени: од синовите на Исус, синот на Јоседек, и неговите браќа – Маасија, Елиезер, Јарив и Годолија.
- 19
Тие дадоа ветување дека ќе ги отпуштат своите жени и, бидејќи беа виновни, принесоа овен од стадото како жртва за вина.
- 20
Од потомците на Емир – Ананија и Зевадија;
- 21
од потомците на Харим – Маасија, Илија, Семаја, Јехиил и Озија;
- 22
од потомците на Пасхор – Елиоинај, Маасија, Исмаил, Натанаил, Јозавад и Еласа.
- 23
Од левитите – Јозавад, Семеј, Келаја, наречен и Келита, Петаја, Јуда и Елиезер.
- 24
Од пејачите – Елијасив; а од вратарите – Селум, Телем и Уриј.
- 25
Од другите Израелеви синови: од потомците на Фарос – Рамија, Езија, Мелхија, Мијамин, Елеазар, Мелхија и Венаја;
- 26
од потомците на Елам – Матанија, Захарија, Јехиил, Авдија, Јеримот и Илија;
- 27
од потомците на Затуј – Елиоинај, Елијасив, Матанија, Јеримот, Завад и Азиза;
- 28
од потомците на Вивај – Јоанан, Ананија, Завај и Атлај;
- 29
од потомците на Вануј – Месулам, Малух, Адаја, Јасув, Сеал и Рамот;
- 30
од потомците на Фаат-Моав – Адна, Хелал, Венаја, Маасија, Матанија, Веселеил, Вануј и Манасија;
- 31
од потомците на Харим – Елиезер, Исија, Мелхија, Семаја и Симеон;
- 32
Венијамин, Малух и Самарија;
- 33
од потомците на Асум – Матенај, Матата, Завад, Елифелет, Еремај, Манасија и Семеј;
- 34
од потомците на Вануј – Маадај, Амрам и Уил;
- 35
Венаја, Ведеја и Хелуј;
- 36
Ванија, Меремот и Елијасив;
- 37
Матанија, Матенај и Јасо;
- 38
Ваниј, Вануј и Семеј;
- 39
Селемија, Натан и Адаја;
- 40
Махнадевај, Сасај и Сарај;
- 41
Азариил, Селемија и Самарија;
- 42
Селум, Амарија и Јосиф;
- 43
од потомците на Нево – Јехиил, Мататија, Завад, Зевина, Јадав, Јоил и Венаја.
- 44
Сите тие беа зеле туѓинки за жени, а некои од тие жени им беа родиле и деца.