Прескокни кон главната содржина

1 Мојсеева — Битие

Глава 10

  1. 1

    Ова е семејното потекло на Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет. По потопот и ним им се родија синови.

  2. 2

    Синовите на Јафет беа: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мешех и Тирас.

  3. 3

    Синовите на Гомер беа: Ашкеназ, Рифат и Тогарма.

  4. 4

    Синовите на Јаван беа: Елиша, Таршиш, Китим и Доданим.

  5. 5

    Од нив се разделија островските народи по своите земји, секој според својот јазик, според своето племе и народ.

  6. 6

    Синовите на Хам беа: Куш, Мицраим, Пут и Ханан.

  7. 7

    Синовите на Куш беа: Сева, Хавила, Сабта, Раама и Савтека; а синовите на Раама беа Шева и Дедан.

  8. 8

    Куш го роди и Нимрод; тој прв стана силен на земјата.

  9. 9

    Тој беше голем ловец пред Господ; затоа се вели: „Како Нимрод, голем ловец пред Господ.“

  10. 10

    Почетокот на неговото царство беа Вавилон, Ерех, Акад и Халне, во Шинарската земја.

  11. 11

    Од таа земја отиде во Асирија и ги изгради Ниневија, Реховот-Ир и Калах,

  12. 12

    и Ресен, меѓу Ниневија и Калах; тоа е големиот град.

  13. 13

    Мицраим ги роди Лудим, Анамим, Лехавим и Нафтухим,

  14. 14

    Патрусим, Каслухим, од кои потекнаа Филистејците, и Кафторим.

  15. 15

    Ханан ги роди својот првенец Сидон, потоа Хет,

  16. 16

    Јевусејците, Аморејците, Гиргашејците,

  17. 17

    Хивејците, Аркејците, Синејците,

  18. 18

    Арвадејците, Цемарејците и Хаматејците; потоа хананските племиња се распрснаа.

  19. 19

    Пределот на Хананците се протегаше од Сидон кон Герар, до Газа, и кон Содом, Гомор, Адма и Цевоим, до Лаша.

  20. 20

    Тоа се Хамовите синови според нивните племиња, според нивните јазици, по нивните земји и народи.

  21. 21

    И на Сим, таткото на сите Еверови потомци и постариот брат на Јафет, му се родија деца.

  22. 22

    Синовите на Сим беа: Елам, Асур, Арпахшад, Луд и Арам.

  23. 23

    Синовите на Арам беа: Уз, Хул, Гетер и Маш.

  24. 24

    Арпахшад го роди Шелах, а Шелах го роди Евер.

  25. 25

    На Евер му се родија два сина; името на едниот беше Пелег, зашто во негово време земјата беше разделена; а името на брат му беше Јоктан.

  26. 26

    Јоктан ги роди Алмодад, Шелеф, Хацармавет и Јерах,

  27. 27

    Адорам, Узал и Дикла,

  28. 28

    Овал, Авимаел и Шева,

  29. 29

    Офир, Хавила и Јовав; сите тие беа Јоктанови синови.

  30. 30

    Нивните населби беа од Меша кон Сефар, до источната гора.

  31. 31

    Тоа се Симовите синови според нивните племиња, според нивните јазици, по нивните земји и народи.

  32. 32

    Тоа се племињата на Ноевите синови според нивното семејно потекло и нивните народи; од нив се распрснаа народите по земјата по потопот.