1 Мојсеева — Битие
Глава 5
- 1
Ова е записот за потомството на Адам. Во денот кога Бог го создаде човекот, го направи според Божјото подобие.
- 2
Ги создаде машко и женско, ги благослови и им го даде името Човек, во денот кога беа создадени.
- 3
Адам живееше сто и триесет години, па му се роди син според неговото подобие и лик, и го нарече Шет.
- 4
По раѓањето на Шет, Адам живееше осумстотини години, и му се родија синови и ќерки.
- 5
Сите денови што ги поживеа Адам беа деветстотини и триесет години; и умре.
- 6
Шет живееше сто и пет години, па му се роди Енош.
- 7
По раѓањето на Енош, Шет живееше осумстотини и седум години, и му се родија синови и ќерки.
- 8
Сите денови на Шет беа деветстотини и дванаесет години; и умре.
- 9
Енош живееше деведесет години, па му се роди Кенан.
- 10
По раѓањето на Кенан, Енош живееше осумстотини и петнаесет години, и му се родија синови и ќерки.
- 11
Сите денови на Енош беа деветстотини и пет години; и умре.
- 12
Кенан живееше седумдесет години, па му се роди Махалалел.
- 13
По раѓањето на Махалалел, Кенан живееше осумстотини и четириесет години, и му се родија синови и ќерки.
- 14
Сите денови на Кенан беа деветстотини и десет години; и умре.
- 15
Махалалел живееше шеесет и пет години, па му се роди Јаред.
- 16
По раѓањето на Јаред, Махалалел живееше осумстотини и триесет години, и му се родија синови и ќерки.
- 17
Сите денови на Махалалел беа осумстотини деведесет и пет години; и умре.
- 18
Јаред живееше сто шеесет и две години, па му се роди Енох.
- 19
По раѓањето на Енох, Јаред живееше осумстотини години, и му се родија синови и ќерки.
- 20
Сите денови на Јаред беа деветстотини шеесет и две години; и умре.
- 21
Енох живееше шеесет и пет години, па му се роди Метушелах.
- 22
По раѓањето на Метушелах, Енох одеше со Бог триста години, и му се родија синови и ќерки.
- 23
Сите денови на Енох беа триста шеесет и пет години.
- 24
Енох одеше со Бог, и го немаше веќе, зашто Бог го зеде.
- 25
Метушелах живееше сто осумдесет и седум години, па му се роди Ламех.
- 26
По раѓањето на Ламех, Метушелах живееше седумстотини осумдесет и две години, и му се родија синови и ќерки.
- 27
Сите денови на Метушелах беа деветстотини шеесет и девет години; и умре.
- 28
Ламех живееше сто осумдесет и две години, па му се роди син.
- 29
Го нарече Ное, велејќи: „Овој ќе нѐ утеши во нашата работа и во трудот на нашите раце, што доаѓа од земјата што Господ ја проколна.“
- 30
По раѓањето на Ное, Ламех живееше петстотини деведесет и пет години, и му се родија синови и ќерки.
- 31
Сите денови на Ламех беа седумстотини седумдесет и седум години; и умре.
- 32
А Ное имаше петстотини години, и му се родија Сим, Хам и Јафет.