Прескокни кон главната содржина

Исаија

Глава 12

  1. 1

    Во тој ден ќе речеш: „Ќе Те славам, Господи! Иако се разгневи на мене, Твојот гнев се одврати и Ти ме утеши.

  2. 2

    Ете, Бог е моето спасение! Ќе се надевам и нема да се плашам, зашто Господ е мојата сила и мојата песна; Тој стана мое спасение.“

  3. 3

    Со радост ќе црпите вода од изворите на спасението.

  4. 4

    Во тој ден ќе речете: „Славете Го Господ и повикувајте го Неговото име! Објавувајте ги Неговите дела меѓу народите и разгласувајте дека Неговото име е возвишено.

  5. 5

    Пејте Му на Господ, зашто направи величествени дела; нека се знае тоа по целата земја.

  6. 6

    Воскликни и радувај се, жителке сионска, зашто голем е среде тебе Светиот на Израел!“