Прескокни кон главната содржина

Исаија

Глава 27

  1. 1

    Во тој ден Господ со Својот тежок, голем и силен меч ќе го казни Левијатан, змијата што бега, Левијатан, змијата што се извива, и ќе го убие змејот што е во морето.

  2. 2

    Во тој ден пејте за прекрасното лозје:

  3. 3

    „Јас, Господ, го чувам; постојано го напојувам. Го чувам дење и ноќе, за никој да не му наштети.

  4. 4

    Во Мене нема гнев. Кога би имало трње и капини против Мене во битка, би тргнал против нив и сите би ги изгорел.

  5. 5

    Или нека се фатат за Мојата сила и нека склучат мир со Мене; нека склучат мир со Мене.“

  6. 6

    Во деновите што доаѓаат Јаков ќе пушти корен, Израел ќе расцути и ќе процвета, и ќе го исполни светот со плод.

  7. 7

    Дали Господ го удри Израел како што ги удри оние што него го удираа? Дали беше убиен како што беа убиени неговите непријатели?

  8. 8

    Со мерка го казнуваше кога го испраќаше во прогонство; го однесе со Својот силен ветер во денот на источниот ветер.

  9. 9

    Затоа вака ќе биде очистено беззаконието на Јаков, и ова ќе биде плодот од отстранувањето на неговиот грев: сите камења на жртвениците ќе ги направи како искршени варовнички камења, а ашерите и сончевите столбови повеќе нема да стојат.

  10. 10

    Зашто утврдениот град ќе остане осамен, напуштено живеалиште како пустина. Таму ќе пасе телето, таму ќе лежи и ќе ги јаде неговите гранки.

  11. 11

    Кога гранките ќе се исушат, ќе бидат искршени; жените ќе дојдат и ќе ги запалат. Зашто тоа е народ без разбирање; затоа неговиот Создател нема да му се смилува и Оној што го обликува нема да му покаже милост.

  12. 12

    Во тој ден Господ ќе го истресе Својот плод од текот на Реката до Египетскиот Поток, а вие, синови Израелеви, ќе бидете собрани еден по еден.

  13. 13

    Во тој ден ќе затруби голема труба. Ќе дојдат оние што беа изгубени во асирската земја и расеаните во египетската земја, и ќе Му се поклонат на Господ на светата гора во Ерусалим.