Прескокни кон главната содржина

Исаија

Глава 64

  1. О, да ги раскинеш небесата и да слезеш, планините да затреперат пред Тебе!

  2. Како што огнот ги запалува сувите гранки и ја прави водата да врие, така објави им го Своето име на Своите непријатели, за народите да затреперат пред Тебе!

  3. Кога правеше страшни дела што не ги очекувавме, Ти слезе и планините затреперија пред Тебе.

  4. Од древни времиња никој не чул, ниедно уво не чуло и ниедно око не видело друг Бог освен Тебе, Кој дејствува за оној што Го чека.

  5. Ти му излегуваш во пресрет на оној што со радост прави праведност и на оние што се сеќаваат на Тебе одејќи по Твоите патишта. Но Ти се разгневи, а ние згрешивме; долго останавме во грев – како тогаш да бидеме спасени?

  6. Сите станавме како нечисти и сите наши праведни дела се како извалкана облека. Сите овенавме како лист, а нашите беззаконија нѐ однесуваат како ветер.

  7. Нема никој што го повикува Твоето име, никој што се разбудува за цврсто да се фати за Тебе. Зашто го сокри Своето лице од нас и дозволи нашите беззаконија да нѐ совладаат.

  8. Но сега, Господи, Ти си наш Татко. Ние сме глина, а Ти си нашиот Грнчар; сите сме дело на Твоите раце.

  9. Не гневи се премногу, Господи, и не се сеќавај засекогаш на нашето беззаконие! Погледни, Те молиме – сите сме Твој народ.

  10. Твоите свети градови станаа пустина; Сион стана пустина, а Ерусалим пустелија.

  11. Нашиот свет и прекрасен дом, каде што нашите татковци Те славеа, е изгорен со оган; сѐ што ни беше драго е разурнато.

  12. Зар и по сето ова ќе се воздржуваш, Господи? Зар ќе молчиш и ќе нѐ понижуваш толку многу?