Прескокни кон главната содржина

Еремија

Глава 39

  1. 1

    Во деветтата година на Цедекија, царот на Јуда, во десеттиот месец, Навуходоносор, царот на Вавилон, дојде со сета своја војска против Ерусалим и го опседна.

  2. 2

    Во единаесеттата година на Цедекија, во четвртиот месец, на деветтиот ден од месецот, градскиот ѕид беше пробиен.

  3. 3

    Тогаш влегоа сите водачи на вавилонскиот цар и седнаа кај Средната Порта: Нергал-Сарецер, Самгар-Нево, Сар-Сехим, началникот на дворските службеници, Нергал-Сарецер, главниот висок службеник, и сите други водачи на вавилонскиот цар.

  4. 4

    Кога Цедекија, царот на Јуда, и сите воини ги видоа, избегаа. Ноќе излегоа од градот преку царската градина, низ портата меѓу двата ѕида, и тргнаа по патот кон Арава.

  5. 5

    Но халдејската војска ги гонеше и го стигна Цедекија во ерихонските рамнини. Го фатија и го одведоа кај Навуходоносор, царот на Вавилон, во Ривла, во земјата Хамат, каде што тој му изрече пресуда.

  6. 6

    Вавилонскиот цар ги закла синовите на Цедекија во Ривла пред неговите очи, а ги погуби и сите благородници на Јуда.

  7. 7

    Потоа му ги извади очите на Цедекија и го окова со бронзени окови за да го одведе во Вавилон.

  8. 8

    Халдејците ги запалија царскиот дворец и домовите на народот, а ѕидовите на Ерусалим ги урнаа.

  9. 9

    Невузарадан, заповедникот на царската стража, ги одведе во Вавилон преостанатите луѓе што беа останале во градот, оние што преминаа на страната на Вавилонците и останатиот народ.

  10. 10

    Но Невузарадан, заповедникот на стражата, остави во земјата Јудина дел од сиромашните луѓе што немаа ништо и во тој ден им даде лозја и ниви.

  11. 11

    А Навуходоносор, царот на Вавилон, му даде заповед на Невузарадан за Еремија:

  12. 12

    „Земи го, грижи се за него и не прави му никакво зло. Постапи со него онака како што ќе ти каже.“

  13. 13

    Тогаш Невузарадан, заповедникот на стражата, Невушазбан, началникот на дворските службеници, Нергал-Сарецер, главниот висок службеник, и сите други високи службеници на вавилонскиот цар

  14. 14

    испратија луѓе да го изведат Еремија од дворот на стражата. Го предадоа на Гедалија, синот на Ахикам, син на Шафан, за да го одведе дома. Така Еремија остана да живее меѓу народот.

  15. 15

    Додека Еремија сѐ уште беше затворен во дворот на стражата, Господовиот збор дојде до него:

  16. 16

    „Оди и кажи му на Евед-Мелех Кушиецот: ‚Вака вели Господ над војските, Бог на Израел: Ете, ќе ги исполнам Своите зборови против овој град — за несреќа, а не за добро. Во тој ден ќе видиш како се исполнуваат.

  17. 17

    Но тебе ќе те избавам во тој ден‘, вели Господ, ‚и нема да бидеш предаден во рацете на луѓето од кои се плашиш.

  18. 18

    Сигурно ќе те избавам и нема да паднеш од меч. Ќе го спасиш својот живот како плен, зашто се надеваше на Мене‘“, вели Господ.