Еремија
Глава 47
- 1
Господовиот збор што дојде до пророкот Еремија за Филистејците, пред фараонот да ја нападне Газа.
- 2
Вака вели Господ: „Ете, од север се креваат води и ќе станат надојден поток. Ќе ја поплават земјата и сѐ што е во неа, градовите и нивните жители. Луѓето ќе викаат и сите жители на земјата ќе лелекаат.
- 3
Од топотот на копитата на неговите силни коњи, од тропотот на неговите коли и од татнежот на нивните тркала, татковците нема ни да се свртат кон своите деца, зашто рацете ќе им ослабат од страв.
- 4
Зашто доаѓа денот кога ќе бидат уништени сите Филистејци и ќе биде отсечена секоја преостаната помош за Тир и Сидон. Господ ќе ги уништи Филистејците, остатокот од островот Кафтор.
- 5
Газа ја зафати ќелавост во знак на жалост; Ашкелон замолкна. Остатоку од нивната долина, до кога ќе се засекуваш по телото?
- 6
Ах, Господов меч! До кога нема да се смириш? Врати се во својата ножница, одмори се и замолкни!
- 7
Но како може да се смири кога Господ му заповеда? Против Ашкелон и против морскиот брег Тој го определи.“