Јов
Глава 25
- 1
Тогаш Билдад Шуахецот одговори и рече:
- 2
„Власта и стравопочитта Му припаѓаат Нему; Тој воспоставува мир во Своите височини.
- 3
Може ли да се избројат Неговите војски? И врз кого не изгрева Неговата светлина?
- 4
Како тогаш човек може да биде праведен пред Бог? Како може да биде чист оној што е роден од жена?
- 5
Ете, ни месечината не е доволно светла пред Него, ниту ѕвездите се чисти во Неговите очи.
- 6
Колку помалку човекот, кој е како црв, и човечкиот син, кој е како црвче!“