Прескокни кон главната содржина

Исус Навин

Глава 15

  1. 1

    На племето на Јудините синови, според нивните семејства, со ждрепка му припадна земјата до едомската граница; пустината Син на југ беше нејзиниот краен јужен предел.

  2. 2

    Нивната јужна граница почнуваше од крајот на Соленото Море, од заливот што се протега кон југ.

  3. 3

    Потоа одеше јужно од нагорнината Акравим, минуваше низ Син, се искачуваше јужно од Кадис-Варни, минуваше покрај Есрон, се искачуваше до Адар и свртуваше кон Карка.

  4. 4

    Оттаму минуваше во Асмон и излегуваше кај Египетскиот Поток; границата завршуваше кај морето. Тоа ќе биде вашата јужна граница.

  5. 5

    Источната граница беше Соленото Море до устието на Јордан. Северната граница почнуваше од заливот на морето кај устието на Јордан.

  6. 6

    Границата се искачуваше до Вет-Огла, минуваше северно од Вет-Арава и се искачуваше до каменот на Воан, Рувимовиот син.

  7. 7

    Од долината Ахор границата се искачуваше кон Девир и свртуваше на север кон Галгал, спроти нагорнината Адумим, јужно од потокот. Потоа минуваше покрај водите на Ен-Семес и завршуваше кај изворот Рогил.

  8. 8

    Потоа границата се искачуваше низ долината на Еномовиот син, јужно од Евус, односно Ерусалим; се искачуваше до врвот на ридот западно од долината Еном, на северниот крај од долината на Рефаимите.

  9. 9

    Од врвот на ридот границата одеше до изворот Нефтоа и излегуваше кај градовите на Ефронската Гора; потоа се протегаше кон Ваала, односно Киријат-Јарим.

  10. 10

    Од Ваала границата свртуваше западно кон гората Сеир, минуваше покрај северната страна на гората Јарим, односно Хасалон, се спушташе до Вет-Семес и минуваше низ Тамна.

  11. 11

    Потоа излегуваше кон северната страна на Екрон, се протегаше до Сикрон, минуваше во гората Ваала, излегуваше кај Јавнеил и завршуваше кај морето.

  12. 12

    Западната граница беше Големото Море со неговиот брег. Тоа беа границите на Јудините синови од сите страни, според нивните семејства.

  13. 13

    Според Господовата заповед до Исус Навин, тој му даде на Халев, синот на Ефониј, дел меѓу Јудините синови: градот на Арва, таткото на Енак, односно Хеврон.

  14. 14

    Халев оттаму ги истера трите Енакови синови: Сесај, Ахиман и Талмај, Енакови потомци.

  15. 15

    Оттаму отиде против жителите на Девир; порано Девир се викаше Киријат-Сефер.

  16. 16

    Халев рече: „На оној што ќе го порази и освои Киријат-Сефер ќе му ја дадам мојата ќерка Ахса за жена.“

  17. 17

    Го освои Готонил, синот на Кенез, Халевовиот брат; и Халев му ја даде својата ќерка Ахса за жена.

  18. 18

    Кога таа дојде кај него, го наговори да побара нива од нејзиниот татко. Кога слезе од магарето, Халев ја праша: „Што сакаш?“

  19. 19

    Таа одговори: „Дај ми благослов. Бидејќи ми даде земја на југ, дај ми и водни извори.“ И тој ѝ ги даде горните и долните извори.

  20. 20

    Тоа беше наследството на племето на Јудините синови според нивните семејства.

  21. 21

    Крајните градови на племето на Јудините синови кон едомската граница на југ беа: Кавсеил, Едер, Јагур,

  22. 22

    Кина, Димона, Адада,

  23. 23

    Кадес, Асор, Итнан,

  24. 24

    Зиф, Телем, Ваалот,

  25. 25

    Асор-Адата, Кериот, Есрон, односно Асор,

  26. 26

    Амам, Сема, Молада,

  27. 27

    Асар-Гада, Есемон, Вет-Фалет,

  28. 28

    Асар-Суал, Вирсавеја, Визиотија,

  29. 29

    Ваала, Иим, Асем,

  30. 30

    Елтолад, Хесил, Хорма,

  31. 31

    Сиклаг, Мадмана, Сансана,

  32. 32

    Леваот, Силеим, Аин и Римон - вкупно дваесет и девет градови со нивните села.

  33. 33

    Во рамнината беа: Естаол, Сараа, Асна,

  34. 34

    Заноа, Ен-Ганим, Тапфуа, Инам,

  35. 35

    Јармут, Одолам, Сохо, Азика,

  36. 36

    Сагарим, Адитаим, Гедира и Гедиротаим - четиринаесет градови со нивните села.

  37. 37

    Сенан, Адаса, Мигдал-Гад,

  38. 38

    Дилеан, Миспа, Јоктеил,

  39. 39

    Лахис, Васкат, Еглон,

  40. 40

    Хавон, Лахмас, Хитлис,

  41. 41

    Гедирот, Вет-Дагон, Наама и Макида - шеснаесет градови со нивните села.

  42. 42

    Ливна, Етер, Асан,

  43. 43

    Ефта, Асена, Несив,

  44. 44

    Кеила, Ахзив и Мариса - девет градови со нивните села.

  45. 45

    Екрон и неговите населби со нивните села;

  46. 46

    од Екрон до морето, сите градови близу Азот со нивните села;

  47. 47

    Азот и неговите населби со нивните села, Газа и нејзините населби со нивните села, до Египетскиот Поток и Големото Море со неговиот брег.

  48. 48

    Во планинската земја: Самир, Јатир, Сохо,

  49. 49

    Дана, Киријат-Сана, односно Девир,

  50. 50

    Анав, Естемо, Аним,

  51. 51

    Гесен, Олон и Гило - единаесет градови со нивните села.

  52. 52

    Арав, Дума, Есан,

  53. 53

    Јанум, Вет-Тапфуа, Афека,

  54. 54

    Хумата, Киријат-Арва, односно Хеврон, и Сиор - девет градови со нивните села.

  55. 55

    Маон, Кармил, Зиф, Јута,

  56. 56

    Језраел, Јокдеам, Заноа,

  57. 57

    Акаин, Гаваа и Тамна - десет градови со нивните села.

  58. 58

    Алул, Вет-Сур, Гедор,

  59. 59

    Маарат, Вет-Анот и Елтекон - шест градови со нивните села.

  60. 60

    Киријат-Ваал, односно Киријат-Јарим, и Рава - два града со нивните села.

  61. 61

    Во пустината: Вет-Арава, Мидин, Сехаха,

  62. 62

    Нивсан, Градот на Солта и Ен-Геди - шест градови со нивните села.

  63. 63

    Но Јудините синови не можеа да ги истераат Евусејците што живееја во Ерусалим; затоа Евусејците живеат во Ерусалим со Јудините синови до денес.