Прескокни кон главната содржина

Исус Навин

Глава 5

  1. 1

    Кога сите аморејски цареви западно од Јордан и сите ханански цареви покрај морето чуја дека Господ ги исушил водите на Јордан пред Израелевите синови додека не преминале, нивните срца се стопија и во нив не остана храброст поради Израелевите синови.

  2. 2

    Во тоа време Господ му рече на Исус: „Направи си ножеви од кремен и повторно обрежи ги Израелевите синови.“

  3. 3

    Исус направи ножеви од кремен и ги обрежа Израелевите синови на ридот Аролот.

  4. 4

    Ова е причината зошто Исус ги обрежа: сите мажи способни за војна што излегоа од Египет умреа во пустината по патот, откако излегоа од Египет.

  5. 5

    Сите што излегоа од Египет беа обрежани, но сите што се родија во пустината по патот, откако излегоа од Египет, не беа обрежани.

  6. 6

    Израелевите синови одеа четириесет години низ пустината, додека не изумре целиот народ – сите воини што излегоа од Египет – бидејќи не го послушаа Господовиот глас. Господ им се заколна дека нема да им дозволи да ја видат земјата за која им се заколна на нивните татковци дека ќе ни ја даде, земја во која течат млеко и мед.

  7. 7

    Наместо нив, Тој ги подигна нивните синови. Нив Исус ги обрежа, зашто беа необрежани, бидејќи не ги обрежале по патот.

  8. 8

    Кога целиот народ беше обрежан, останаа на своите места во логорот додека не оздравеа.

  9. 9

    Тогаш Господ му рече на Исус: „Денес го отстранив од вас египетскиот срам.“ Затоа тоа место се нарекува Галгал до денес.

  10. 10

    Израелевите синови се улогорија во Галгал и ја прославија Пасхата на четиринаесеттиот ден од месецот, навечер, во ерихонските полиња.

  11. 11

    На денот по Пасхата јадеа од родот на земјата – бесквасни лебови и печено жито – токму тој ден.

  12. 12

    Маната престана следниот ден, откако јадеа од родот на земјата. Израелевите синови веќе немаа мана, туку таа година јадеа од плодовите на хананската земја.

  13. 13

    Кога Исус беше близу Ерихон, ги подигна очите и виде човек што стоеше спроти него со изваден меч во раката. Исус му пријде и го праша: „Наш ли си или од нашите непријатели?“

  14. 14

    Тој одговори: „Не, туку дојдов како Заповедник на Господовата војска.“ Тогаш Исус падна ничкум на земјата и Му се поклони, па рече: „Што му заповеда мојот Господар на својот слуга?“

  15. 15

    Заповедникот на Господовата војска му рече на Исус: „Соблечи ги обувките од своите нозе, зашто местото на кое стоиш е свето.“ И Исус направи така.