Прескокни кон главната содржина

3 Мојсеева — Левит

Глава 12

  1. 1

    Господ му зборуваше на Мојсеј:

  2. 2

    „Кажи им на Израелевите синови: Кога жена ќе забремени и ќе роди машко дете, ќе биде нечиста седум дена; ќе биде нечиста како во деновите на својата месечна нечистотија.

  3. 3

    На осмиот ден детето нека биде обрежано.

  4. 4

    Потоа таа нека остане уште триесет и три дена во периодот на очистување од крвта. Нека не допира ништо свето и нека не влегува во светилиштето сѐ додека не завршат деновите на нејзиното очистување.

  5. 5

    Ако роди женско дете, ќе биде нечиста две седмици, како за време на својата месечна нечистотија, а потоа нека остане шеесет и шест дена во очистувањето од својата крв.

  6. 6

    Кога ќе завршат деновите на нејзиното очистување, било поради син било поради ќерка, нека му донесе на свештеникот пред влезот на Шаторот на средбата едногодишно јагне како жртва паленица и млад гулаб или грлица како жртва за грев.

  7. 7

    Свештеникот нека ги принесе пред Господ и нека изврши помирување за неа, и таа ќе биде очистена од своето крвавење. Тоа е законот за жена што родила машко или женско дете.

  8. 8

    Ако нема можност да донесе јагне, нека донесе две грлици или два млади гулаба, едниот како жртва паленица, а другиот како жртва за грев. Свештеникот ќе изврши помирување за неа, и таа ќе биде чиста.“