3 Мојсеева — Левит
Глава 24
Господ му зборуваше на Мојсеј: (3 Мојсеева — Левит 24:1)
„Заповедај им на Израелевите синови да ти донесуваат чисто маслиново масло од истолчени маслинки за светилките, за светилката постојано да гори. (3 Мојсеева — Левит 24:2)
Арон нека ги поставува светилките надвор од завесата пред Сведоштвото во Шаторот на средбата, за да горат пред Господ од вечер до утро. Тоа е вечна одредба за сите ваши поколенија. (3 Мојсеева — Левит 24:3)
Светилките нека ги поставува пред Господ на чистиот светилник, за да горат постојано. (3 Мојсеева — Левит 24:4)
Земи чисто брашно и испечи дванаесет леба; во секој леб нека има две десеттини ефа брашно. (3 Мојсеева — Левит 24:5)
Нареди ги во два реда, по шест во секој ред, врз чистата златна трпеза пред Господ. (3 Мојсеева — Левит 24:6)
Врз секој ред стави чист темјан, за да биде како дел за спомен од лебот, жртва принесена со оган на Господ. (3 Мојсеева — Левит 24:7)
Секоја сабота Арон нека ги реди лебовите пред Господ постојано. Тоа е вечен завет од Израелевите синови. (3 Мојсеева — Левит 24:8)
Лебовите нека им припаднат на Арон и на неговите синови, и нека ги јадат на свето место, зашто се пресвет дел од Господовите жртви принесени со оган. Тоа е вечно право.“ (3 Мојсеева — Левит 24:9)
Еден човек, син на Израелка и Египќанец, излезе меѓу Израелевите синови. Во логорот синот на Израелката се скара со еден Израелец. (3 Мојсеева — Левит 24:10)
Синот на Израелката го похули Името и проколна. Затоа го доведоа кај Мојсеј. Неговата мајка се викаше Шеломита, ќерка на Дибри, од Дановото племе. (3 Мојсеева — Левит 24:11)
Го ставија под стража, додека не им биде јасно објавена Господовата волја. (3 Мојсеева — Левит 24:12)
Тогаш Господ му рече на Мојсеј: (3 Мојсеева — Левит 24:13)
„Изведи го оној што проколнуваше надвор од логорот. Сите што го слушнаа нека ги положат своите раце врз неговата глава, а потоа целата заедница нека го каменува. (3 Мојсеева — Левит 24:14)
Кажи им на Израелевите синови: Секој што го проколнува својот Бог ќе го носи својот грев. (3 Мојсеева — Левит 24:15)
Оној што го хули Господовото име нека биде погубен. Целата заедница нека го каменува. И странецот и родениот Израелец, ако го хули Името, нека биде погубен. (3 Мојсеева — Левит 24:16)
Ако некој убие човек, нека биде погубен. (3 Мојсеева — Левит 24:17)
Ако некој убие туѓо животно, нека го надомести: живот за живот. (3 Мојсеева — Левит 24:18)
Ако некој го повреди својот ближен, нека му се направи како што направил: (3 Мојсеева — Левит 24:19)
скршеница за скршеница, око за око, заб за заб. Каква повреда му нанел на другиот, таква нека му биде нанесена нему. (3 Мојсеева — Левит 24:20)
Оној што ќе убие животно нека го надомести, а оној што ќе убие човек нека биде погубен. (3 Мојсеева — Левит 24:21)
Имајте ист закон за странецот и за родениот Израелец, зашто Јас сум Господ, вашиот Бог.“ (3 Мојсеева — Левит 24:22)
Мојсеј им го кажа тоа на Израелевите синови. Тие го изведоа оној што проколнуваше надвор од логорот и го каменуваа. Израелевите синови направија како што Господ му заповеда на Мојсеј. (3 Мојсеева — Левит 24:23)