Прескокни кон главната содржина

Неемија

Глава 11

  1. 1

    Водачите на народот живееја во Ерусалим. А останатиот народ фрли жрепка за еден од секои десетмина да се насели во Ерусалим, светиот град, а другите деветмина да останат во другите градови.

  2. 2

    Народот ги благослови сите што доброволно се понудија да живеат во Ерусалим.

  3. 3

    Ова се поглаварите на покраината што живееја во Ерусалим; а во градовите на Јуда живееја, секој во својот имот и во својот град, Израелевите синови, свештениците, левитите, храмските слуги и потомците на Соломоновите слуги.

  4. 4

    Во Ерусалим живееја некои од потомците на Јуда и некои од потомците на Венијамин. Од потомците на Јуда: Атаја, синот на Озија, внук на Захарија, правнук на Амарија, од потомците на Сефатија, Малелеил и Фарес;

  5. 5

    и Маасија, синот на Варух, внук на Кол-Хозе, правнук на Азаја, од потомците на Адаја, Јојарив, Захарија и Шилониј.

  6. 6

    Сите потомци на Фарес што живееја во Ерусалим беа четиристотини шеесет и осум храбри мажи.

  7. 7

    Од потомците на Венијамин: Салу, синот на Месулам, внук на Јоад, правнук на Федаја, од потомците на Колаја, Маасија, Итиел и Исаија,

  8. 8

    а по него Гавај и Салај – вкупно деветстотини дваесет и осуммина.

  9. 9

    Јоил, синот на Зихри, беше нивни надгледувач, а Јуда, синот на Сенуа, беше втор управител на градот.

  10. 10

    Од свештениците: Једаја, синот на Јојарив, Јахин,

  11. 11

    Сераја, синот на Хелкија, внук на Месулам, правнук на Садок, од потомците на Мерајот и Ахитов, управителот на Божјиот дом,

  12. 12

    и нивните браќа што ја вршеа работата во домот – осумстотини дваесет и двајца; Адаја, синот на Јероам, внук на Фелалија, правнук на Амсија, од потомците на Захарија, Фасур и Малхија,

  13. 13

    и неговите браќа, глави на татковски домови – двесте четириесет и двајца; и Амасај, синот на Азарел, внук на Азај, правнук на Месилемот, од потомците на Имер,

  14. 14

    и нивните браќа, храбри мажи – сто дваесет и осуммина. Нивни надгледувач беше Завдиел, синот на Гедолим.

  15. 15

    Од левитите: Семаја, синот на Асув, внук на Азрикам, правнук на Асавија, од потомците на Вуниј;

  16. 16

    Саветај и Јозавад, од левитските водачи, беа задолжени за надворешните работи на Божјиот дом;

  17. 17

    Матанија, синот на Миха, внук на Завди, правнук на Асаф, беше водач при благодарствената молитва; Ваквукија беше втор меѓу неговите браќа; а Авда, синот на Самуа, внук на Галал, правнук на Једутун.

  18. 18

    Сите левити во светиот град беа двесте осумдесет и четворица.

  19. 19

    Вратарите Акув, Талмон и нивните браќа, кои чуваа стража кај вратите, беа сто седумдесет и двајца.

  20. 20

    Останатиот Израел, свештениците и левитите живееја во сите градови на Јуда, секој во своето наследство.

  21. 21

    Храмските слуги живееја во Офел, а Сиха и Гиспа беа над нив.

  22. 22

    Надгледувач на левитите во Ерусалим беше Узиј, синот на Ваниј, внук на Асавија, правнук на Матанија, од потомците на Миха. Тој беше од Асафовите потомци, пејачите задолжени за службата во Божјиот дом.

  23. 23

    Зашто за нив имаше царска заповед и определба за секојдневната служба на пејачите.

  24. 24

    Фетаија, синот на Месизавел, од потомците на Зара, синот на Јуда, беше царски претставник за сите работи што се однесуваа на народот.

  25. 25

    Од потомците на Јуда некои живееја во Киријат-Арва и во неговите села, во Дивон и во неговите села, во Јекавсеил и во неговите села,

  26. 26

    во Исус, во Молада, во Вет-Фалет,

  27. 27

    во Асар-Суал, во Вирсавеја и во нејзините села,

  28. 28

    во Сиклаг, во Мекона и во нејзините села,

  29. 29

    во Ен-Римон, во Сореа, во Јармут,

  30. 30

    во Заноах, Одолам и нивните села, во Лахис и неговите полиња, во Азика и нејзините села. Тие се населија од Вирсавеја до Еномската долина.

  31. 31

    Потомците на Венијамин живееја од Гаваја натаму: во Михмас, Аја, Ветил и нивните села,

  32. 32

    во Анатот, Нов, Ананија,

  33. 33

    Асора, Рама, Гитаим,

  34. 34

    Хадид, Севоим, Невалат,

  35. 35

    Лод, Оно и Долината на занаетчиите.

  36. 36

    Некои од левитските оддели од Јуда му беа придружени на Венијамин.