Неемија
Глава 7
- 1
Кога ѕидот беше изграден и ги поставив крилата на вратите, беа назначени вратарите, пејачите и левитите.
- 2
Над Ерусалим ги поставив својот брат Ханани и Хананија, заповедникот на тврдината, зашто тој беше верен човек и се боеше од Бог повеќе од многумина.
- 3
Им реков: „Ерусалимските врати да не се отвораат додека сонцето добро не огрее. И додека стражарите сѐ уште се на своите места, нека ги затворат вратите и нека ги стават резите. Поставете стражари од жителите на Ерусалим, секој на своето стражарско место и секој спроти својата куќа.“
- 4
Градот беше простран и голем, но во него имаше малку луѓе, а куќите уште не беа изградени.
- 5
Тогаш мојот Бог ми стави во срцето да ги соберам благородниците, управителите и народот за да бидат запишани според семејното потекло. Го најдов записот за семејното потекло на оние што први се вратија, и во него беше напишано:
- 6
Ова се луѓето од покраината што се вратија од заробеништвото – оние што вавилонскиот цар Навуходоносор ги беше одвел во Вавилон – и се вратија во Ерусалим и во Јуда, секој во својот град.
- 7
Тие дојдоа со Зоровавел, Исус, Неемија, Азарија, Раамија, Нахаманија, Мордехај, Билшан, Мисперет, Бигвај, Нехум и Ваана. Бројот на мажите од Израелевиот народ беше:
- 8
потомците на Фарос – две илјади сто седумдесет и двајца;
- 9
потомците на Сефатија – триста седумдесет и двајца;
- 10
потомците на Арах – шестотини педесет и двајца;
- 11
потомците на Фаат-Моав, од потомците на Исус и Јоав – две илјади осумстотини и осумнаесетмина;
- 12
потомците на Елам – илјада двесте педесет и четворица;
- 13
потомците на Затуј – осумстотини четириесет и петмина;
- 14
потомците на Закај – седумстотини и шеесетмина;
- 15
потомците на Винуј – шестотини четириесет и осуммина;
- 16
потомците на Вевај – шестотини дваесет и осуммина;
- 17
потомците на Азгад – две илјади триста дваесет и двајца;
- 18
потомците на Адоникам – шестотини шеесет и седуммина;
- 19
потомците на Бигвај – две илјади шеесет и седуммина;
- 20
потомците на Адин – шестотини педесет и петмина;
- 21
потомците на Атер, од Езекија – деведесет и осуммина;
- 22
потомците на Асум – триста дваесет и осуммина;
- 23
потомците на Весај – триста дваесет и четворица;
- 24
потомците на Хариф – сто и дванаесетмина;
- 25
потомците на Гаваон – деведесет и петмина;
- 26
луѓето од Витлеем и Нетофа – сто осумдесет и осуммина;
- 27
луѓето од Анатот – сто дваесет и осуммина;
- 28
луѓето од Вет-Азмавет – четириесет и двајца;
- 29
луѓето од Киријат-Јарим, Кефира и Вирот – седумстотини четириесет и тројца;
- 30
луѓето од Рама и Гева – шестотини дваесет и еден;
- 31
луѓето од Михмас – сто дваесет и двајца;
- 32
луѓето од Ветил и Гај – сто дваесет и тројца;
- 33
луѓето од другиот Нево – педесет и двајца;
- 34
потомците на другиот Елам – илјада двесте педесет и четворица;
- 35
потомците на Харим – триста и дваесетмина;
- 36
луѓето од Ерихон – триста четириесет и петмина;
- 37
луѓето од Лод, Хадид и Оно – седумстотини дваесет и еден;
- 38
потомците на Сенаја – три илјади деветстотини и триесетмина.
- 39
Свештениците: потомците на Једаја, од домот на Исус – деветстотини седумдесет и тројца;
- 40
потомците на Имер – илјада педесет и двајца;
- 41
потомците на Фасур – илјада двесте четириесет и седуммина;
- 42
потомците на Харим – илјада и седумнаесетмина.
- 43
Левитите: потомците на Исус и Кадмиел, од потомците на Одавија – седумдесет и четворица.
- 44
Пејачите: потомците на Асаф – сто четириесет и осуммина.
- 45
Вратарите: потомците на Салум, Атер, Талмон, Акув, Хатита и Совај – сто триесет и осуммина.
- 46
Храмските слуги: потомците на Сиха, Хасуфа, Таваот,
- 47
потомците на Кирос, Сија, Фадон,
- 48
потомците на Левана, Хагава, Салмај,
- 49
потомците на Ханан, Гидел, Гахар,
- 50
потомците на Реаја, Ресин, Некода,
- 51
потомците на Газам, Уза, Фасеја,
- 52
потомците на Весај, Меуним и Нефусим,
- 53
потомците на Ваквук, Хакуфа, Хархур,
- 54
потомците на Васлит, Мехида, Харса,
- 55
потомците на Варкос, Сисара, Тема,
- 56
потомците на Несија и Хатифа.
- 57
Потомците на Соломоновите слуги: потомците на Сотај, Соферет, Ферида,
- 58
потомците на Јала, Даркон, Гидел,
- 59
потомците на Сефатија, Хатил, Фохерет-Хасеваим и Амон.
- 60
Сите храмски слуги и потомци на Соломоновите слуги беа триста деведесет и двајца.
- 61
Овие дојдоа од Тел-Мелах, Тел-Харса, Херув, Адон и Имер, но не можеа да докажат дека нивните татковски домови и нивното потекло се од Израел:
- 62
потомците на Делаја, Товија и Некода – шестотини четириесет и двајца.
- 63
А од свештениците: потомците на Хаваја, Акос и Варзелај – оној што се ожени со една од ќерките на Варзелај Галаѓанецот и беше наречен според нивното име.
- 64
Тие го бараа својот запис меѓу запишаните според семејното потекло, но не го најдоа; затоа беа отстранети од свештенството како нечисти.
- 65
И управителот им рече да не јадат од пресветото додека не се појави свештеник со светите жрепки за откривање на Божјата волја.
- 66
Целото собрание имаше четириесет и две илјади триста и шеесет луѓе,
- 67
освен нивните слуги и слугинки, кои беа седум илјади триста триесет и седум. Имаа и двесте четириесет и пет пејачи и пејачки.
- 68
Нивните коњи беа седумстотини триесет и шест, нивните мазги – двесте четириесет и пет,
- 69
нивните камили – четиристотини триесет и пет, нивните осли – шест илјади седумстотини и дваесет.
- 70
Некои од родоначалниците дадоа за делото. Управителот даде во ризницата илјада златни дарици, педесет чаши и петстотини и триесет свештенички облеки.
- 71
Некои од родоначалниците дадоа во ризницата за делото дваесет илјади златни дарици и две илјади и двесте мини сребро.
- 72
А остатокот од народот даде дваесет илјади златни дарици, две илјади мини сребро и шеесет и седум свештенички облеки.
- 73
Свештениците, левитите, вратарите, пејачите, дел од народот, храмските слуги и сиот Израел се населија во своите градови. Кога дојде седмиот месец, Израелевите синови веќе беа во своите градови.