Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 108

  1. 1

    Моето срце е подготвено, Боже; ќе пеам и ќе Ти свирам од сета своја душа.

  2. 2

    Разбудете се, лиро и харфо! Со песна ќе ја разбудам зората.

  3. 3

    Господи, ќе Ти благодарам пред народите и ќе Ти пеам пофалба меѓу племињата.

  4. 4

    Зашто Твојата милост се издигнува над небесата, а Твојата верност стигнува до облаците.

  5. 5

    Возвиши се над небесата, Боже, и нека се рашири Твојата слава над целата земја.

  6. 6

    Спаси нѐ со Својата десна рака и одговори ми, за да бидат избавени оние што ги сакаш.

  7. 7

    Бог проговори од Својата светост: „Ќе се радувам; ќе го разделам Шехем и ќе ја измерам долината Сукот.

  8. 8

    Мој е Гилад и Моја е Манасија; Ефрем е заштита на Мојата глава, а Јуда е Мојот владетелски стап.

  9. 9

    Моав е Мој сад за миење; врз Едом ќе ја фрлам Својата обувка, а над Филистеја победнички ќе воскликнувам.“

  10. 10

    Кој ќе ме одведе до утврдениот град? Кој ќе ме доведе сѐ до Едом?

  11. 11

    Зар не Ти, Боже, иако нѐ отфрли и повеќе не излегуваше со нашите војски?

  12. 12

    Помогни ни против непријателот, зашто човечката помош не може да нѐ спаси.

  13. 13

    Со Бог ќе вршиме храбри дела, и Тој ќе ги згази нашите непријатели.