Псалми
Глава 120
- 1
Во својата неволја повикав кон Господ, и Тој ми одговори.
- 2
Господи, избави ме од лажливи усни и од измамлив јазик.
- 3
Што ќе ти даде Бог, и што уште ќе ти додаде, измамлив јазику?
- 4
Остри стрели од силен воин, заедно со разгорени јаглени од смрека.
- 5
Тешко мене! Живеам како туѓинец во Мешех и престојувам меѓу шаторите на Кедар.
- 6
Предолго живеам меѓу луѓе што го мразат мирот.
- 7
Јас посакувам мир, но штом ќе проговорам, тие сакаат војна.