Псалми
Глава 133
- 1
Колку е добро и колку е пријатно кога браќата живеат заедно во единство!
- 2
Тоа е како скапоцено масло излеано врз главата, кое се слева по брадата – по Ароновата брада – и се спушта врз јаката на неговата облека.
- 3
Како Хермонската роса што се спушта врз Сионските Гори, така е тоа единство; зашто таму Господ го одреди Својот благослов – живот довека.