Псалми
Глава 132
- 1
Господи, сети се на Давид и на сите тешкотии низ кои помина,
- 2
сети се како Му се заколна на Господ и Му даде завет на Јакововиот Силен:
- 3
„Нема да влезам во својот дом, ниту ќе легнам на својата постела.
- 4
Нема да им дозволам сон на своите очи, ниту дремка на своите клепки,
- 5
сѐ додека не најдам место за Господ, живеалиште за Јакововиот Силен.“
- 6
Ете, слушнавме за ковчегот во Ефрата, а потоа го најдовме во полињата на Јаар.
- 7
Да влеземе во Неговото живеалиште и таму да се поклониме пред подножјето на Неговите нозе.
- 8
Стани, Господи, и влези во Своето почивалиште, Ти и ковчегот на Твојата сила.
- 9
Твоите свештеници нека бидат облечени во праведност, а оние што Ти припаѓаат нека воскликнуваат од радост.
- 10
Заради Давид, Твојот слуга, не го отфрлај Својот помазаник.
- 11
Господ му даде на Давид вистинита заклетва од која нема да се откаже: „Еден од твоите потомци ќе поставам на твојот престол.
- 12
Ако твоите синови го пазат Мојот завет и сведоштвата на кои ќе ги научам, тогаш и нивните синови ќе седат на твојот престол довека.“
- 13
Зашто Господ го избра Сион и посака токму таму да живее.
- 14
„Ова е Моето почивалиште довека; тука ќе живеам, зашто тоа го посакав.
- 15
Изобилно ќе ја благословам неговата храна, а сиромашните во него ќе ги наситам со леб.
- 16
Неговите свештеници ќе ги облечам со спасение, а оние што Ми припаѓаат ќе воскликнуваат од радост.
- 17
Таму ќе направам да израсне Давидовата сила и ќе подготвам светилка за Својот помазаник.
- 18
Неговите непријатели ќе ги покријам со срам, а круната врз неговата глава ќе блеска.“