Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 131

  1. 1

    Господи, моето срце не е гордо и моите очи не гледаат надмено; не се впуштам во работи што се преголеми и недостижни за мене.

  2. 2

    Напротив, ја смирив и успокоив својата душа; како одбиено дете што мирно е покрај својата мајка, така е смирена мојата душа во мене.

  3. 3

    Израеле, положи ја својата надеж во Господ отсега и довека!