Псалми
Глава 130
- 1
Од самите длабочини повикувам кон Тебе, Господи.
- 2
Господи, слушни го мојот глас; нека бидат Твоите уши внимателни кон моите молби.
- 3
Ако Ти, Господи, ги броиш нашите беззаконија, кој би можел да опстане пред Тебе?
- 4
Но кај Тебе има простување, и затоа луѓето Те почитуваат со стравопочит.
- 5
Го чекам Господ; целата моја душа Го очекува и својата надеж ја полагам во Неговиот збор.
- 6
Мојата душа Го очекува Господ повеќе отколку што стражарите ја чекаат зората – да, повеќе од стражарите што копнеат по утрото.
- 7
Израеле, надевај се на Господ, зашто кај Него има милост и изобилно откупување.
- 8
Токму Тој ќе го избави Израел од сите негови беззаконија.