Псалми
Глава 129
- 1
„Уште од мојата младост многупати ме угнетуваа“ – нека каже сега Израел –
- 2
„уште од мојата младост многупати ме угнетуваа, но сепак не успеаја да ме совладаат.
- 3
Орачите ораа по мојот грб и оставаа долги бразди.
- 4
Но Господ е праведен; Тој ги пресече јажињата со кои безбожниците нѐ врзуваа.“
- 5
Нека бидат посрамени и принудени да отстапат сите што го мразат Сион.
- 6
Нека бидат како тревата што расте на покривите и се суши уште пред да биде откорната.
- 7
Од неа жетварот не може да ја наполни раката, ниту оној што ги врзува сноповите својата прегратка.
- 8
Ниту минувачите ќе им речат: „Господовиот благослов нека биде над вас!“ ниту: „Во Господовото име ви изрекуваме благослов!“