Псалми
Глава 128
- 1
Блажен е секој човек што има страв од Господ и живее според Неговите патишта.
- 2
Ќе уживаш во плодот од трудот на своите раце; ќе бидеш блажен и ќе ти биде добро.
- 3
Твојата жена ќе биде како плодна лоза во твојот дом, а твоите деца како млади маслинови гранки околу твојата трпеза.
- 4
Ете, така Господ го благословува човекот што има страв од Него.
- 5
Господ нека те благослови од Сион, и нека го гледаш доброто на Ерусалим во сите денови од својот живот.
- 6
Нека ги видиш и децата на своите деца! Мир над Израел!