Псалми
Глава 135
- 1
Славете го Господовото име; славете Го, вие Господови слуги,
- 2
вие што стоите во Господовиот дом и во дворовите на домот на нашиот Бог.
- 3
Славете Го Господ, зашто Тој е добар; пејте му пофалби на Неговото име, зашто е прекрасно.
- 4
Зашто Господ го избра Јаков за Себе, а Израел го зеде како Своја сопственост.
- 5
Јас знам дека Господ е велик и дека нашиот Господ е над сите богови.
- 6
Господ прави сѐ што ќе посака – на небото и на земјата, во морињата и во сите длабочини.
- 7
Тој ги крева облаците од краевите на земјата, создава молњи со дождот и ги изведува ветровите од Своите ризници.
- 8
Тој ги погоди сите првородени во Египет, и кај луѓето и кај добитокот.
- 9
Среде тебе, Египте, испрати знаци и чуда против фараонот и против сите негови слуги.
- 10
Тој порази големи народи и погуби моќни цареви:
- 11
го порази Сихон, аморејскиот цар, Ог, башанскиот цар, како и сите ханаански царства.
- 12
Потоа нивната земја ја даде како наследство, како наследство на Својот народ Израел.
- 13
Твоето име, Господи, трае довека; споменот за Тебе останува од поколение во поколение.
- 14
Зашто Господ ќе му донесе правда на Својот народ и ќе се смилува над Своите слуги.
- 15
Идолите на народите се само сребро и злато, направени со човечки раце.
- 16
Уста имаат, но не зборуваат; очи имаат, но ништо не гледаат.
- 17
Имаат уши, но не слушаат, и во нивната уста нема ни здив.
- 18
Какви што се тие, такви ќе станат и оние што ги прават, како и секој што се надева на нив.
- 19
Израелев доме, славете Го Господ! Аронов доме, славете Го Господ!
- 20
Левиев доме, славете Го Господ! Вие што имате страв од Господ, славете Го Господ!
- 21
Од Сион нека биде прославен Господ, Кој живее во Ерусалим. Алилуја!