Псалми
Глава 136
- 1
Славете Го Господ, зашто Тој е добар, и Неговата милост трае довека.
- 2
Славете Го Бог над сите богови, зашто Неговата милост трае довека.
- 3
Славете Го Господарот над сите господари, зашто Неговата милост трае довека.
- 4
Само Тој прави големи чудеса, зашто Неговата милост трае довека.
- 5
Со Својата мудрост ги создаде небесата, зашто Неговата милост трае довека.
- 6
Тој ја распростре земјата над водите – Неговата милост трае довека.
- 7
Тој ги создаде големите небесни светила – Неговата милост трае довека:
- 8
сонцето, за да владее со денот – Неговата милост трае довека;
- 9
а месечината и ѕвездите да владеат со ноќта, зашто Неговата милост трае довека.
- 10
Го погоди Египет преку неговите првородени, зашто Неговата милост трае довека.
- 11
Од нивната средина го изведе Израел, зашто Неговата милост трае довека,
- 12
со моќна рака и со подигната мишка, зашто Неговата милост трае довека.
- 13
Тој го раздели Црвеното Море на два дела – Неговата милост трае довека.
- 14
Го преведе Израел низ самата средина на морето, зашто Неговата милост трае довека.
- 15
А фараонот и неговата војска ги собори во Црвеното Море, зашто Неговата милост трае довека.
- 16
Го водеше Својот народ низ пустината – Неговата милост трае довека.
- 17
Тој порази големи цареви – Неговата милост трае довека.
- 18
и погуби прочуени цареви – Неговата милост трае довека:
- 19
Сихон, аморејскиот цар – Неговата милост трае довека,
- 20
и Ог, башанскиот цар – Неговата милост трае довека.
- 21
Нивната земја ја даде како наследство – Неговата милост трае довека,
- 22
како наследство на Израел, Својот слуга, зашто Неговата милост трае довека.
- 23
Се сети на нас кога бевме понижени, зашто Неговата милост трае довека.
- 24
и нѐ избави од рацете на нашите противници – Неговата милост трае довека.
- 25
Тој му дава храна на секое живо суштество, зашто Неговата милост трае довека.
- 26
Славете Го Бог Кој е на небесата, зашто Неговата милост трае довека.