Псалми
Глава 137
- 1
Покрај реките во Вавилон седевме и плачевме кога ќе се сетевме на Сион.
- 2
На врбите што растеа таму ги закачивме своите харфи.
- 3
Зашто оние што нѐ заробија бараа да им пееме, а оние што нѐ опустошија бараа да ги развеселуваме: „Испејте ни некоја од Сионските песни!“
- 4
Но како да ја пееме Господовата песна додека сме во туѓа земја?
- 5
Ако некогаш те заборавам, Ерусалиме, нека ја заборави мојата десна рака својата вештина.
- 6
Нека ми се залепи јазикот за непцето ако престанам да се сеќавам на тебе, ако Ерусалим не го ставам над секоја своја радост.
- 7
Господи, сети се што правеа Едомците во денот кога Ерусалим беше разоруван, како викаа: „Разурнете го! Разурнете го до самите темели!“
- 8
Ќерко вавилонска, тебе те чека опустошување; блажен е оној што ќе ти возврати за она што ти ни го направи.
- 9
Блажен ќе биде оној што ќе ги фати твоите деца и ќе ги разбие од карпа.