Псалми
Глава 141
- 1
Господи, кон Тебе повикувам; побрзај да ми дојдеш на помош. Слушни го мојот глас кога Те повикувам.
- 2
Нека се издигне мојата молитва пред Тебе како темјан, а кревањето на моите раце нека биде како вечерна жртва.
- 3
Господи, постави стража пред мојата уста и чувај ги моите усни.
- 4
Не дозволувај моето срце да се сврти кон зло, ниту да се придружам во безбожни дела со оние што вршат беззаконие; не дозволувај ни да се насладувам со нивните јадења.
- 5
Ако праведникот ме удри, ќе го примам тоа како добрина; ако ме укори, неговиот укор ќе биде како масло врз мојата глава и нема да го одбијам. И понатаму ќе се молам против злото што го прават.
- 6
Кога нивните водачи ќе бидат фрлени од карпите, тогаш луѓето ќе ги разберат моите зборови и ќе видат дека се добри.
- 7
Нашите коски се расфрлани пред устата на гробот, како земја што се распарчува кога некој ора.
- 8
Но моите очи се насочени кон Тебе, Господи Боже; во Тебе се засолнувам, затоа не ја оставај мојата душа незаштитена.
- 9
Зачувај ме од стапицата што ја поставија за мене и од замките на оние што прават беззаконие.
- 10
Нека паднат безбожниците во сопствените мрежи, а јас нека поминам безбедно.