Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 140

  1. Господи, избави ме од злобниот човек и чувај ме од насилниот.

  2. Тие кројат зло во своите срца и секој ден предизвикуваат судири.

  3. Јазикот го изоструваат како змија, а под нивните усни има отров како од змија.

  4. Господи, зачувај ме од рацете на безбожникот и заштити ме од насилниците што намислија да ме соборат.

  5. Горделивите скрија стапица за мене; со јажиња распнаа мрежа покрај патот и ми поставија замки.

  6. Му реков на Господ: „Ти си мојот Бог; Господи, слушни го гласот на моите молби!“

  7. Господи Боже, Ти си мојот силен Спасител; Ти ја заштити мојата глава во денот на битката.

  8. Господи, не им го давај на безбожниците она по што копнеат и не дозволувај нивната зла намера да успее, за да не се возгордеат.

  9. Нека се врати врз главите на оние што ме опкружуваат злото што самите го изговараат со своите усни.

  10. Нека паднат врз нив разгорени јаглени; нека бидат фрлени во оган и во длабоки јами, од кои нема повторно да станат.

  11. Клеветникот нема да се утврди на земјата, а злото ќе го гони насилникот сѐ додека не го стигне.

  12. Знам дека Господ ќе застане во одбрана на угнетениот и ќе им обезбеди правда на сиромашните.

  13. Да, праведните ќе го слават Твоето име, а искрените ќе живеат во Твоето присуство.