Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 143

  1. 1

    Господи, слушни ја мојата молитва и обрни внимание на моите молби; одговори ми според Својата верност и праведност.

  2. 2

    Не влегувај во суд со Својот слуга, зашто пред Тебе ниту еден жив човек не може да се покаже праведен.

  3. 3

    Непријателот ја прогонува мојата душа; мојот живот го собори на земја и ме принуди да живеам во темнина како оние што одамна умреле.

  4. 4

    Затоа духот во мене слабее, а срцето ми е скаменето од страв.

  5. 5

    Се навраќам на дамнешните денови, размислувам за сите Твои дела и за она што го направиле Твоите раце.

  6. 6

    Ги пружам рацете кон Тебе; мојата душа жеднее за Тебе како исушена, безводна земја.

  7. 7

    Одговори ми брзо, Господи, зашто духот ми згаснува. Не го криј Своето лице од мене, за да не станам како оние што слегуваат во гробот.

  8. 8

    Уште наутро дај ми да ја почувствувам Твојата милост, зашто во Тебе се надевам. Покажи ми го патот по кој треба да одам, бидејќи кон Тебе ја кревам својата душа.

  9. 9

    Господи, избави ме од непријателите; во Тебе се засолнувам.

  10. 10

    Научи ме да ја извршувам Твојата волја, зашто Ти си мојот Бог. Твојот добар Дух нека ме води по рамен пат.

  11. 11

    Господи, заради Своето име оживеј ме; според Својата праведност изведи ме од неволјата.

  12. 12

    По Својата милост истреби ги моите непријатели и погуби ги сите што ме угнетуваат, зашто јас сум Твој слуга.