Псалми
Глава 146
- 1
Слави Го Господ, душо моја!
- 2
Ќе Го славам Господ додека сум жив; ќе Му пеам пофалби на мојот Бог сѐ додека постојам.
- 3
Не ја полагајте својата надеж во владетели, ниту во човек што нема сила да спаси.
- 4
Кога ќе му излезе духот, тој се враќа во земјата, а истиот ден исчезнуваат и сите негови намери.
- 5
Блажен е оној кому Јакововиот Бог му е помош и чија надеж е во Господ, неговиот Бог,
- 6
Создателот на небото и земјата, на морето и на сѐ што е во нив, Кој останува верен довека.
- 7
Тој им обезбедува правда на угнетените и храна на гладните; Господ ги ослободува оние што се во окови.
- 8
Господ им ги отвора очите на слепите, ги исправува наведнатите и ги љуби праведните.
- 9
Господ ги чува туѓинците, ги поддржува сирачето и вдовицата, а патот на безбожниците го попречува.
- 10
Господ ќе царува довека; твојот Бог, Сионе, ќе владее од поколение во поколение. Алилуја!