Псалми
Глава 145
- 1
Ќе Те возвишувам, Боже мој и Цару мој, и ќе го славам Твоето име засекогаш и довека.
- 2
Секој ден ќе Те славам и ќе му пеам пофалба на Твоето име засекогаш и довека.
- 3
Велик е Господ и достоен за најголема пофалба; Неговото величие не може целосно да се истражи.
- 4
Едно поколение ќе му раскажува на друго за Твоите дела и ќе ја објавува Твојата моќ.
- 5
Ќе размислувам за славниот сјај на Твоето величие и за сите Твои чудесни дела.
- 6
Луѓето ќе зборуваат за силата на Твоите страшни дела, а јас ќе го разгласувам Твоето величие.
- 7
Ќе го пренесуваат споменот за Твојата голема добрина и радосно ќе пеат за Твојата праведност.
- 8
Господ е благ и милостив, бавен на гнев и богат со милост.
- 9
Господ е добар кон сите, а Неговото сочувство се простира над сите Негови созданија.
- 10
Сите Твои созданија ќе Те слават, Господи, а оние што Ти припаѓаат ќе Те прославуваат.
- 11
Тие ќе зборуваат за славата на Твоето царство и ќе ја разгласуваат Твојата моќ,
- 12
за луѓето да дознаат за Неговите силни дела и за славното величие на Неговото царство.
- 13
Твоето царство е царство што трае довека, а Твоето владеење продолжува низ сите поколенија.
- 14
Господ ги придржува сите што паѓаат и ги исправува оние што се наведнати.
- 15
Очите на сите се свртени кон Тебе, а Ти им ја даваш храната во вистинско време.
- 16
Кога ја отвораш Својата рака, ја задоволуваш потребата на секое живо суштество.
- 17
Господ е праведен во сите Свои патишта и милостив во сѐ што прави.
- 18
Господ е близу до секој што Го повикува, до секој што искрено Му се обраќа.
- 19
Тој ги исполнува желбите на оние што имаат страв од Него; го слуша нивниот повик и ги спасува.
- 20
Господ ги чува сите што Го љубат, но сите безбожници ќе ги истреби.
- 21
Мојата уста ќе Го фали Господ; секое живо суштество нека го слави Неговото свето име засекогаш и довека.