Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 20

  1. 1

    Нека ти одговори Господ во денот на неволјата; името на Јакововиот Бог нека те заштити.

  2. 2

    Нека ти испрати помош од светилиштето и нека те поткрепи од Сион.

  3. 3

    Нека се сети на сите твои приноси и со задоволство нека ја прими твојата жртва паленица.

  4. 4

    Нека ти го даде она што го посакува твоето срце и нека ги оствари сите твои намери.

  5. 5

    Ќе воскликнуваме од радост поради твоето спасение и ќе ги развееме знамињата во името на нашиот Бог. Нека Господ ти ги исполни сите молби.

  6. 6

    Сега знам: Господ го спасува Својот помазаник и од Своето свето небо ќе му одговори со спасителната сила на Својата десна рака.

  7. 7

    Едни се надеваат на бојни коли, други на коњи, а ние се потпираме на името на Господ, нашиот Бог.

  8. 8

    Тие се наведнаа и паднаа, а ние станавме и цврсто стоиме.

  9. 9

    Господи, спаси! Царот нека ни одговори кога повикуваме.