Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 21

  1. 1

    Господи, царот се радува на Твојата сила; колкава е неговата радост поради Твоето спасение!

  2. 2

    Ти му ја исполни желбата на срцето и не ја одби молбата на неговите усни.

  3. 3

    Го пресретна со изобилни благослови и му стави на главата круна од чисто злато.

  4. 4

    Од Тебе побара живот, а Ти му подари долг живот, во вечни векови.

  5. 5

    Голема е неговата слава поради спасението што му го даде; со чест и величие го облече.

  6. 6

    Го направи благослов за сите времиња и го исполни со радост во Своето присуство.

  7. 7

    Царот се надева на Господ и поради милоста на Севишниот нема да се поколеба.

  8. 8

    Твојата рака ќе ги пронајде сите Твои непријатели; Твојата десница ќе ги стигне оние што Те мразат.

  9. 9

    Кога ќе се појавиш во Својот гнев, ќе ги направиш како огнена печка; Господ ќе ги проголта во Својот гнев и огнот ќе ги изгори.

  10. 10

    Ќе го истребиш нивниот плод од земјата и ќе го отстраниш нивното потомство од човечкиот род.

  11. 11

    Иако намислија зло против Тебе и подготвија заговор, нема да успеат.

  12. 12

    Ќе ги натераш да се свртат и да бегаат кога ќе ги насочиш кон нив стрелите од Својот лак.

  13. 13

    Возвиши се, Господи, во Својата сила! Ние ќе пееме и ќе ја прославуваме Твојата моќ.