Псалми
Глава 23
- 1
Господ е мој Пастир; ништо нема да ми недостига.
- 2
На зелени пасишта ме одмора и покрај тивки води ме води.
- 3
Ја освежува мојата душа и ме води по патиштата на праведноста, заради Своето име.
- 4
И кога би одел низ долината на смртната сенка, нема да се плашам од зло, зашто Ти си со мене; Твојот стап и Твојата палка ми даваат сигурност.
- 5
Пред мене подготвуваш трпеза пред очите на моите непријатели; ја помазуваш мојата глава со масло, а мојата чаша се прелева.
- 6
Навистина, Твојата добрина и милост ќе ме следат во сите денови на мојот живот, и ќе живеам во Господовиот дом засекогаш.