Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 26

  1. 1

    Суди ми, Господи, зашто живеев непорочно и без колебање се надевав на Тебе.

  2. 2

    Испитај ме, Господи, и провери ме; проникни во моите најдлабоки мисли и во моето срце.

  3. 3

    Твојата милост постојано е пред моите очи и јас одам во Твојата вистина.

  4. 4

    Не седам со измамници и не се дружам со лицемери.

  5. 5

    Го мразам собирот на злосторниците и нема да седам со безбожните.

  6. 6

    Ќе ги измијам рацете во невиност и така ќе му пристапам на Твојот жртвеник, Господи,

  7. 7

    за гласно да Ти благодарам и да раскажувам за сите Твои чудесни дела.

  8. 8

    Господи, го сакам домот во кој живееш, местото каде што престојува Твојата слава.

  9. 9

    Не ја земај мојата душа заедно со грешниците, ниту мојот живот заедно со крвожедните луѓе,

  10. 10

    во чии раце има злосторство и чија десница е полна со поткуп.

  11. 11

    А јас ќе продолжам да живеам непорочно; откупи ме и биди милостив кон мене.

  12. 12

    Мојата нога стои на цврсто место; во собранијата ќе Го славам Господ.