Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 30

  1. 1

    Ќе Те возвишувам, Господи, зашто Ти ме издигна и не им дозволи на моите непријатели да се радуваат над мене.

  2. 2

    Господи, Боже мој, повикав кон Тебе, и Ти ме исцели.

  3. 3

    Господи, ја изведе мојата душа од подземјето; ме зачува жив и не дозволи да слезам во гробот.

  4. 4

    Пејте Му на Господ, вие Негови свети, и прославувајте го Неговото свето име.

  5. 5

    Неговиот гнев трае само миг, а Неговата наклонетост — цел живот; плачот може да преноќи навечер, но наутро доаѓа радоста.

  6. 6

    Кога живеев во благосостојба, си реков: „Никогаш нема да се поколебам.“

  7. 7

    Господи, со Својата наклонетост ме постави цврсто како гора; но кога го сокри Своето лице, се вознемирив.

  8. 8

    Тогаш кон Тебе, Господи, повикав и на Господ Му се помолив:

  9. 9

    „Каква полза ќе има од мојата смрт, ако слезам во гробот? Ќе Те слави ли правта? Ќе ја објавува ли Твојата верност?

  10. 10

    Чуј ме, Господи, и биди милостив кон мене; Господи, биди мој Помошник!“

  11. 11

    Ти го претвори мојот плач во радосно играње; ми ја симна облеката за жалост и ме облече во радост,

  12. 12

    за мојата душа да Ти пее и никогаш да не молчи. Господи, Боже мој, ќе Те славам довека.