Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 29

  1. 1

    Оддајте Му на Господ, вие синови на моќните; признајте Му ја славата и силата што Му припаѓаат.

  2. 2

    Оддајте Му ја на Господ славата што му прилега на Неговото име; поклонете Му се во убавината на светоста.

  3. 3

    Господовиот глас се слуша над водите; Бог на славата грми, Господ е над големите води.

  4. 4

    Господовиот глас е моќен; Господовиот глас е исполнет со величие.

  5. 5

    Господовиот глас ги крши кедрите; Господ ги крши и ливанските кедри.

  6. 6

    Тој прави да потскокнуваат како теле; Ливан и Сирион скокаат како млад див вол.

  7. 7

    Господовиот глас ги расцепува огнените пламења.

  8. 8

    Господовиот глас ја тресе пустината; Господ ја потресува и пустината Кадеш.

  9. 9

    Од Господовиот глас кошутите се породуваат, а шумите остануваат оголени; во Неговиот храм сите извикуваат: „Слава!“

  10. 10

    Господ царува над Потопот; Господ останува Цар довека.

  11. 11

    Господ му дава сила на Својот народ; Господ го благословува Својот народ со мир.